• Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
недела, мај 22, 2022
No Result
View All Result
Абер дојде
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
No Result
View All Result
Абер дојде
No Result
View All Result
Дома Природно богатство

Покрај Голем Град, во Македонија има уште десетици други острови!

април 1, 2021
Покрај Голем Град, во Македонија има уште десетици други острови!

Вообичаено се смета дека островот Голем Град во југозападниот дел на Преспанското Езеро е единствениот остров во Република Македонија. Меѓутоа, тоа е сосема погрешно. Всушност, Голем Град е само најголемиот остров во нашата држава, бидејќи има уште десетици други острови по реките и вештачките езера, а некои од нив се исто така доста интересни.

За островот Голем Град доста е пишувано и кажувано. Тој се наоѓа близу граничното тромеѓе помеѓу Македонија, Албанија и Грција, 2 км оддалечен од полуостровот Коњско, а 4 км од истоименото село. Должината на островот во правец север-југ е точно 700 м, додека широчината во правец запад-исток му изнесува 450 м. Бреговите на островот се доста стрмни и претставуваат типични клифови високи до 30 м, формирани со долготрајно дејство на езерските бранови врз варовничките карпи. Единствено на неколку места брегот поблаго се спушта кон езерото и тука е можен лесен пристап. Вкупната должина на бреговата линија изнесува 1,8 км, додека пак вкупната површина на островот е 0,22 км кв. или 22 хектари. Највисоката точка на островот е 900 м н.в. или 50 м над езерото и се наоѓа во североисточниот дел. Денес островот е ненаселен, но е извонредно богат со ендемски растенија, бројни видови на влечуги и птици, различни заедници на животни, потоа бројни остатоци од објекти, записи и наоди кои зборуваат за долгите векови на населеност на островот. Поради големиот број на змии на островот, Голем Град уште е познат како Змиски остров. Инаку, севкупните природни карактеристики, како и вредните културно-историски и археолошки објекти се причина што овој остров е прогласен за строг природен резерват. Од 2008 година, Голем Град е уреден и отворен за посета на туристи, кои го посетуваат во се поголем број и заминуваат со прекрасни впечатоци.

На другите природни езера во нашата држава нема острови, но затоа пак има по еден помал остров на Тиквешко Езеро и на езерото Калиманци. Овие острови настанале пред 40-50 години со потопувањето на теренот, по изградбата на браните со кои се преградени долините на Црна и на Брегалница. Од нив поголем е островот на Тиквешкото Езеро, наречен уште Градиште. Се наоѓа во северниот дел на езерото, западно од с. Ресава. Најмалата оддалеченост на островот од брегот (кон исток) изнесува 120 м. Островот има неправилна квадратна форма, со широчина од   140 до 160 м, површина од 2,3 хектари, додека најголемата височина обично е околу 20-30 м, што зависи од нивото на водата во Тиквешкото Езеро. Највисоката точка на островот е на 286 м и се наоѓа во средишниот дел. Вкупната должина пак на бреговата линија е околу 550 м. Островот Градиште е покриен со густа, претежно нискостеблеста и дрвенеста вегетација, со повеќе видови на птици, влекачи и други животни. Покрај врвот можат да се забележат одредени остатоци од стара градба, поради што и името Градиште. Инаку е слабо посетен, освен понекогаш од рибари, излетници и авантуристи. Островот во Калиманското Езеро се наоѓа во средишниот дел на езерото. Изразито е издолжен во правец североисток-југозапад, со должина од 290 м, широчина од 75 м, додека височината му е од 15-25 м, во зависност од нивото на водата.  Од брегот е оддалечен околу 100-150 м. За разлика од островот Градиште во Тиквешкото Езеро, овој остров, поради големите флуктуации на водата во езерото, често се поврзува со копното и краток временски период претставува полуостров. Инаку е покриен со дрвенести стебла и ретко е посетуван од луѓето.

Во Република Македонија има и 10-тина, за наши услови поголеми речни острови или ади, настанати со наталожување на речен нанос на погодни места. Најмногу речни острови има на Вардар низводно од Скопје. Едно од најголемите е адата кај с. Ѓавато, северно од Гевгелија. Ова острово е издолжено околу 420 м во правец североисток-југозапад, додека широчината му изнесува околу 130 м. Составено е од ситен речен песок и претежно оголено. Единствено на западниот дел од островот има тревна и грмушеста вегетација. Осторовото е посетувано од рибари и капачи, главно во летниот дел од годината. При високо ниво на Вардар, значителен дел од островот се поплавува, со оглед на тоа што најголемата височина му е само 3 м.

Посеверно, кај с. Јосифово близу Валандово, со прокопување на нов речен крак на Вардар заради заштита од меандрирање, создадени се два големи речни острови, долги до 500 м, а широки до 250 м. Островите имаат полумесечест изглед, а нивната најголема височина достигнува 5 м. Покриени се претежно со тревна и грмушеста вегетација. Неколку доста интересни речни острови има во Демиркаписката Клисура, северно од с. Градец. Тие се тесни, издолжени во правецот на течење на реката и покриени со дрвенеста вегетација, што значи дека се многу „постабилни“ на засипување, поплавување или други промени. Најголемиот од нив е во средишниот дел на клисурата. Тоа е и еден од најголемите речни острови во Македонија. Должината во правец северозапад-југоисток му изнесува 550 м, најголемата широчина му е 115 м, а најголемата височина 5 м. Должината на бреговата линија на овој остров изнесува дури 1,3 км, а површината му е 4 хектари. Има интересна, густа дрвенеста вегетација и богат животински свет. Обично е посетуван од рибари. Два големи речни острови, долги околу 300-400 м има и помеѓу селата Криволак и Пепелиште. Северно, кај с. Уланци има уште еден голем остров, настанат со пресекување на меандерот на Вардар, при што реката создала уште еден ракавец и се формирал остров. Неговата должина му е 490 м, додека широчината 140 м. Од двата брега на Вардар е оддалечен 10-25 м. Островот е под тревна и дрвенеста вегетација и доста посетуван од локалното население, особено во летниот период. Кај Велес исто така има неколку мали острови кои се наречени Адето, Јани Таш и Карпа. Нешто поголемо е островото кај Башино Село долго 410 м и широко 100 м. Неколку други, мали острови има и на Пчиња, Брегалница и Црна. Некои од нив се типични ади или пак пресечени меандри. Главно ги посетуваат рибари, излетници и капачи во летната сезона.

Според тоа, во нашата држава има барем околу 20-30 острови, од кои најголем е островот Голем Град во Преспанското Езеро. Покрај него, карактеристично е и островото Градиште во Тиквешкото Езеро, на кое има остатоци од стари градби. Исто така, многу интересни се и неколкуте големи речни острови во низводниот тек на Вардар, прекриени со густа крајречна вегетација и разновиден жив свет. Меѓутоа, освен за Голем Град, за другите острови нема да сретнете речиси никакви податоци, иако без оглед кој остров од наведените ќе го посетите, веројатно ќе имате прекрасно и незаборавно доживување.

 

Автор: д-р Ивица Милевски, Институт за географија, ПМФ, Скопје  

 

ShareTweetPin

Слични Posts

Бислимската клисура, нов предизвик за адреналиски спортови
Природно богатство

Бислимската клисура, нов предизвик за адреналиски спортови

март 28, 2022
Камените столбови („цуцки“) во „Долината на плодноста“ кај Конопиште
Природно богатство

Камените столбови („цуцки“) во „Долината на плодноста“ кај Конопиште

јуни 11, 2021
Лековити билки – Берење, сушење и складирање
Природно богатство

Лековити билки – Берење, сушење и складирање

јуни 9, 2021
Никифорово – „гнездо“ на падините на планината Бистра
Приказни од селото

Никифорово – „гнездо“ на падините на планината Бистра

мај 31, 2021
Киселичка пештера и нејзините тајни!
Природно богатство

Киселичка пештера и нејзините тајни!

мај 21, 2021
Пештерата Су Кујусу или во превод „Дупка со вода“
Природно богатство

Пештерата Су Кујусу или во превод „Дупка со вода“

мај 17, 2021

Прочитајте

„Ѓубрето да се направи ѓубриво“

„Ѓубрето да се направи ѓубриво“

март 23, 2021
Во Македонија птиците се најзастапена група на р’бетници  со околу 330 видови птици

Во Македонија птиците се најзастапена група на р’бетници со околу 330 видови птици

март 12, 2021
ГАСТРОНОМИЈА НА БРЕГАЛНИЧКИОТ РЕГИОН

ГАСТРОНОМИЈА НА БРЕГАЛНИЧКИОТ РЕГИОН

април 16, 2021

Популарно

  • „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барон, македонскиот ладнокрвен коњ – љубимец во ергелата на Миле Трајковски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Радожда – село што се допира до државната гранична линија и брегот на Охридското Езеро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од корењата на столетните стебла на чинарите (јавори) истекуваат 40 литри вода во секунда – Мокрински извори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато

Developed &Hosted by IGAL Group.

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • КАТЕГОРИИ
    • Приказни од селото
    • Природно богатство
    • Културно наследство
    • Селски туризам
    • Интервју
    • Успешни приказни
    • Останато
  • КОНТАКТ

Developed &Hosted by IGAL Group.