• Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
вторник, јули 8, 2025
No Result
View All Result
Абер дојде
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
No Result
View All Result
Абер дојде
No Result
View All Result
Дома Природно богатство

Патуваме низ Македонија за да учиме лекции и да ги раскажеме на другите

март 2, 2021
Патуваме низ Македонија за да учиме лекции и да ги раскажеме на другите
Добар понеделнички ден. Нашиот тим денеска ве запознава со Биле и Сашо, кои се само љубители на она што треба секој да го почитува и цени- природата.
Доказ дека сите учат и менуваат навики додека се живи е приказната на овој брачен пар, кој во изминатите 10 години, успеал да научи многу за убавините на природата и за позитивната страна од патувањето.
Нивните чекори во изминатите две години може да се следат на интернет. На фејсбук страницата, инстаграм профилот и јутуб каналот „Travel and Enjoy & Nedogledija“.
Биле, со која успеавме да стапиме во контакт, вели дека некаде пред дваесеттина години, започнале поинтензивно да шетаат, по Македонија, по околните држави и не само за годишни одмори, туку го користат секој викенд и секое слободно време некаде да залутат. Самите се изненадиле од убавините на природата и сето она со кое располага нашата земја.
Како што вели таа, сфатиле дека Македонија не е само планини и езера, туку е и водопади, и пештери, чудни геолошки форми и прекрасни вештачки езера, чудесни села и неброени историски објекти, археолошки наоѓалишта и ред друго.
Биле вели дека пријателите ги поттикнале да направат профили на социјалните мрежи каде би можеле да ги споделуваат сите фотографии и видеа од убавините на Македонија. Направиле фејсбук страница, Јутуб и Инстаграм профили именувани како „Travel and Enjoy & Недогледија“. Самото име укажува на нивниот стремеж кон недогледите во секоја област, нешто што нè движи напред.
Низ разговорот ни потенцираа доста места кои ги препорачуваат за посета. За нас познати се Камените кукли во Кратово, но малкумина слушнале за останатите вакви форки како што се-Ѓаволскиот Ѕид, Богословец, кањонот Камник, литотелмите во Страцин, камените топки во Горно Кратово.
На прашањето да ни ги одвојат трите омилени села во Македонија. Тие ни направија селекција на три групи на села кои вреди да се посетат. Овде се:
Oвчеполските ридски села. Прекрасна архитектура на селска куќа, широки погледи од чардаците, бескрајни полиња со жито, сончогледи и други култури. Во ова група ги издвојуваат селата Малино и Павлешенци.
Мариовски села – Напуштеноста на овој простор ги конзервирала селата во време од минатиот век е на некој начин музеј на отворено. Во комбинација со карактеристичниот ридски карпест пејсаж пресечен со текот на рекичките даваат прекрасно чувство на мир, спокојство и поврзаност со природата. Во ова група ги истануваат селата Зовиќ, Штавица, Бешиште, Полчиште и Манастир.
Селата во областа АЗОТ – Велешко! Чист воздух, зеленило, прекрасни стари куќи со примеса на староградска архитектура, голема културна традиција. Овде ги истакнуваат селата Теово, Богомила, Нежилово и Папрадиште.
За нив селата се богатство во Македонија. Секој реон – поинаква приказна. Даваат голем капацитет за селски туризам, за планински туризам, за ридски и планински велосипедизам, манастирски туризам, подготовка на здрава, традиционална храна но има уште многу, многу работа за нивна промоција.
Биле советува да се чува природата и да не се фрла отпадоци. Исто така советува дека на една дестинација треба да и се вратите повторно, бидејќи секогаш има нешто ново што треба да се виде.
kajak.mk
ShareTweetPin

Слични Posts

Животински биодиверзитет во Моноспитовско блато
Природно богатство

Животински биодиверзитет во Моноспитовско блато

август 15, 2024
Студија за ревитализација на Моноспитовско блато
Природно богатство

Студија за ревитализација на Моноспитовско блато

август 15, 2024
Растителен диверзитет во Моноспитовско блато
Природно богатство

Растителен диверзитет во Моноспитовско блато

февруари 16, 2024
Бислимската клисура, нов предизвик за адреналиски спортови
Природно богатство

Бислимската клисура, нов предизвик за адреналиски спортови

март 28, 2022
Камените столбови („цуцки“) во „Долината на плодноста“ кај Конопиште
Природно богатство

Камените столбови („цуцки“) во „Долината на плодноста“ кај Конопиште

јуни 11, 2021
Лековити билки – Берење, сушење и складирање
Природно богатство

Лековити билки – Берење, сушење и складирање

јуни 9, 2021

Прочитајте

Тихувањето, кое очигледно е темел на карактерот на Панче Ѓоргиев, блеснало во голема експлозија, која како и онаа исконската не завршува во хаос, туку воведува раскошен поредок на бои во движење – Коста Милков

Тихувањето, кое очигледно е темел на карактерот на Панче Ѓоргиев, блеснало во голема експлозија, која како и онаа исконската не завршува во хаос, туку воведува раскошен поредок на бои во движење – Коста Милков

февруари 11, 2022
Kампања „Купувајте домашни земјоделски производи“

Kампања „Купувајте домашни земјоделски производи“

април 8, 2021
Работилниците за производство на локална храна (Food Hub) нова можност за зголемување на производството на локалната храна

Работилниците за производство на локална храна (Food Hub) нова можност за зголемување на производството на локалната храна

јуни 7, 2021

Популарно

  • Коњско опавче – билка која е вистински дар од природата, помага во лекување на бубрези, цисти, зглобови и бели дробови

    Коњско опавче – билка која е вистински дар од природата, помага во лекување на бубрези, цисти, зглобови и бели дробови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бозелот помага во лекување на ракот, но ја лечи и кашлицата: еве како се приготвува чајот, сокот и лековитиот мед

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Радожда – село што се допира до државната гранична линија и брегот на Охридското Езеро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато

Developed &Hosted by IGAL Group.

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • КАТЕГОРИИ
    • Приказни од селото
    • Природно богатство
    • Културно наследство
    • Селски туризам
    • Интервју
    • Успешни приказни
    • Останато
  • КОНТАКТ

Developed &Hosted by IGAL Group.