Проектот „Патеката на клукајдрвчето“ на Македонското еколошко друштво (МЕД), има за цел да се промовираат вредностите на старите букови шуми, едукација и подигнување на јавната свест за нивното значење преку подобро разбирање на концептот на одржливо искористување на буковите шуми. Проектот се спроведе на локалитетот Пониква, на територијата на општина Кочани.

Активности кои се реализирани во рамки на проектот:
• Воспоставена е патека во букова шума на локалитетот Пониква, маркирани се едукативни точки долж патеката за кои се подготвени информации и се поставени информативни табли на почетокот од патеката.
• Подготвен и испечатен е Водич за Патеката на клукајдрвчето, кој покрај инструкциите за начинот на спроведување едукација долж патеката, содржи и различни игри и задачи за деца, преку кои тие полесно ќе ги спознаат вредностите на буковите шуми.
• Реализирани се работилници за едукативните работници и други клучни страни од регионот за зајакнување на нивните капацитети и препознавање и зачувување на биолошката разновидност, како и јавен настан на крај од проектот со цел промовирање на патеката.
• Органиизран е едукативен настан во соработка со општина Кочани и основните училишта од Кочани, на кој учениците имаа можност да се запознаат со Патеката на клукајдрвчето и да ја поминат заедно со едукаторите.
• Проектот беше промовиран преку регионалните и национални медиуми.