• Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
вторник, јули 8, 2025
No Result
View All Result
Абер дојде
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
No Result
View All Result
Абер дојде
No Result
View All Result
Дома Останато

ОСНОВНИ ПРАВИЛА ЗА ПРАВИЛЕН ПРЕСТОЈ ВО ПРИРОДА

април 15, 2021
ОСНОВНИ ПРАВИЛА ЗА ПРАВИЛЕН ПРЕСТОЈ ВО ПРИРОДА

Во последните години забележителен е зголемениот интерес за сите форми на спорт и рекреација на отворено, особено планинарењето, велосипедизмот и алпинизмот. Зголемената популарност го зголеми и бројот на посетители низ познатите излетнички места низ државата.

Живеејќи неколку месеци во услови на светска пандемија, затворени во своите домови, почнавме повеќе да ја цениме природата, отворените простори, планините и полињата. Овие денови секој го користи своето слободно време да помине што може повеќе време некаде на планина. Без разлика на нашата желба за престој во природа никогаш не треба да забораваме за основните правила при посета на шумите или планините.

  1. Секогаш носете шише за вода кое може да се употреби повторно

Нашата држава е богата со мали реки, потоци и извори, а често по планинарските патеки се сретнуваат и стари селски чешми. Сепак, често безбедноста на оваа вода е во прашање. Затоа секогаш со вас имајте доволно вода, ставена во шишиња за повторна употреба. Така го намалувате загадувањето со пластика, а и можноста за создавање на отпад додека планинарите.

  1. Размислувајте локално и одржливо

Обидете се да трошите минимум гориво за да стигнете до вашата одбрана дестинација. Планинарете и движете се колку што можете локално. Доколку сакате да посетите некое подалечно место користете јавен транспорт или патувајте во група.

  1. Носете храна од дома

Многу е важно и препорачано да имате доволно количество на храна со вас. Храната би требало да биде спакувана во хартија или во сад за повторна употреба, со цел да се намали можноста за смет. Доколку можете секогаш користете веќе зготвена храна, храна што не се расипува лесно или пак конзумирајте свежо овошје и зеленчук.

  1. Движете се без трага

Ова правило како и сите е многу едноставно. Движете се без да оставите трага. Внимавајте каде газите, не сечете дрвја и гранки без потреба, не уништувајте живелишта на животни и не берете непотребно растенија, цветови и шумски плодови.

  1. Секогаш бидете на патеката

Доколку веќе постои поставена, трасирана и означена патека, таа нека ви биде првиот избор при движење во природата. На овој начин не влијаеме врз дополнителна узурпација на просторот во шумата и сме сигурни дека нема да ги вознемириме животните. Пробивањето на нови патеки, директно води до физичко уништување на живеалиштата.

  1. Кампувајте безбедно

Доколку сакате да ја искористите вашата прошетка за кампување, секогаш бирајте ги однапред предвидените кампови и камп локации. Доколку не постојат такви, поставете го кампот на најмала можна површина, блиску до патеката. Шаторите поставете ги на израмнета површина, за да не мора да ја сечете вегетацијата или прекопувате почвата. Одбегнувајте да палите оган освен во услови на опасност.

  1. Сметот доаѓа со вас

Фрлањето на смет низ планинарските и шумските патеки е директен начин за загадување на овие места. Правилото вели: Носи помалку, за да вратиш помалку. Тоа значи да се користат садови и шишиња за повторна употреба, храната и облеката да се пакува во платнени ќеси и торби и никогаш да не се оставаат остатоци од храна.

bregalnica-ncp.mk

aberdojde.mk

ShareTweetPin

Слични Posts

Останато

ПРОЕКТ ПРОГРАМА ЗА РАЗВОЈ НА ЗАЕДНИЦАТА

декември 20, 2021
Вистински мед ќе се кристализира во целата тегла, а лажниот само на дното
Останато

Вистински мед ќе се кристализира во целата тегла, а лажниот само на дното

јуни 19, 2021
Урбано мушичарење на Крива река
Останато

Урбано мушичарење на Крива река

јуни 8, 2021
Ќе се заштитуваат заштитените подрачја
Останато

Ќе се заштитуваат заштитените подрачја

јуни 2, 2021
Виното во Македонија
Културно наследство

Виното во Македонија

мај 31, 2021
Некои од најуникатните пејсажи во Македонија
Останато

Некои од најуникатните пејсажи во Македонија

мај 26, 2021

Прочитајте

Продажба од куќен праг – нови можности за малите производители на традиционални производи

Продажба од куќен праг – нови можности за малите производители на традиционални производи

април 7, 2021
Прилепско Езеро – излетнички туристички локалитет со голем потенцијал

Прилепско Езеро – излетнички туристички локалитет со голем потенцијал

март 26, 2021
Долно Дупени – рајот за душата

Долно Дупени – рајот за душата

април 3, 2021

Популарно

  • Коњско опавче – билка која е вистински дар од природата, помага во лекување на бубрези, цисти, зглобови и бели дробови

    Коњско опавче – билка која е вистински дар од природата, помага во лекување на бубрези, цисти, зглобови и бели дробови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бозелот помага во лекување на ракот, но ја лечи и кашлицата: еве како се приготвува чајот, сокот и лековитиот мед

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Радожда – село што се допира до државната гранична линија и брегот на Охридското Езеро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато

Developed &Hosted by IGAL Group.

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • КАТЕГОРИИ
    • Приказни од селото
    • Природно богатство
    • Културно наследство
    • Селски туризам
    • Интервју
    • Успешни приказни
    • Останато
  • КОНТАКТ

Developed &Hosted by IGAL Group.