Овој проект има за цел да го поддржи развојот на руралните средини во струшко преку зајакнување на капацитетите на чинителите во земјоделството, пчеларството и руралниот туризам, за меѓусебно интегрирано дејствување во бизнис сферата.
Проектот е во континуитет со досегашните напори за развој и промоција на руралниот туризам во Струшко, но овој пат преку една рурална кохезија на чинителите во руралните средини.
Со овие активности треба да им се даде поддршка на развојот на руралните средини во Струшко преку зајакнати капацитети на чинителите во земјоделството, пчеларството и руралниот туризам.
Како и за нивно меѓусебно интегрирано дејствување во бизнис сферата. Акцент се става на развојот на органското производство на локална здрава храна, нејзина примена во вкусните традиционални рурални специјалитети и нејзина понуда како туристички производ.
Органската фарма или туризам на фарма претставува уште една алка на стандардните пакети на туристичките понуди кој автентично го доловува и исполнува пакетот туристички услуги во руралните средини, во време кога се поголем е интересот на туристите во услови на пандемија, посебно странските, со сопствено учество во локалното производство на храна, сплотување со природата и начинот на живот на руралното население.
Активности кои се спроведуваат: Како активности на проектот кои беа имплементирани во изминатиот период се формирање на движење за рурален развој, едукативни работилници за органско производство, Саем за мед и Саем за органска и традиционална храна.
Во делот на едукативните работилници беше изведена еден вид обука на локалното население за отварање сместувачки капацитети кои ќе понудат автентично сместување, со локална гастрономија и доближување на посетителите со локалниот начин на живот во руралните средини. Зотоа што токму овие вредности се тренд во побарувачката на туристички услуги во руралните средини и се интерес од страна на новите патувачи и истражувачи.
Извор: Е – билтен бр.17 ма МРР ма РМ
aberdojde.mk