• Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
среда, јуни 29, 2022
No Result
View All Result
Абер дојде
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
No Result
View All Result
Абер дојде
No Result
View All Result
Дома Приказни од селото

Од корењата на столетните стебла на чинарите (јавори) истекуваат 40 литри вода во секунда – Мокрински извори

март 7, 2021
Од корењата на столетните стебла на чинарите (јавори) истекуваат 40 литри вода во секунда – Мокрински извори

Денес тимот на aberdojde.mk ги посети столетните чинарите (јаворите) во село Мокрино. Импресивно беше чувството да се биде таму.

Мокрино е село во Општина Ново Село, источно од градот Струмица. Се наоѓа во подножјето на планината Беласица, на надморска височина од 370 метри и до него се доаѓа по солиден асфалтен пат. Селото е познато по Мокринските извори, кои имаат издашност од 40 литри вода во секунда. Старото име на Мокрино не е познато.

До ден денешен се пренесува легендата дека селото името го добило по своето мокро поле и мочурливите места во својот атар, па така кога луѓето се доселиле на тоа место, започнале местото, а подоцна и селото да го викаат Мокрино. Интересно е да се спомене дека во повеќе средновековни документи се споменуваат денешните имиња на повеќе струмички села, меѓу кои и на Мокрино, кој се споменува како посед на некој си Рудл кој живеел во Струмица. Познато е дека Мокрино и неколку други села, уште пред Турското завладување биле дадени за посед на Хиландарскиот манастир.

Ваквиот статус го задржале се до битката кај Ровин во 1394 година, кога господари станале Турците. Важно е да се одбележи дека меѓу сите села, само во Мокрино не се населиле турски колонисти, односно селото за цело време во турско ропство останало христијанско и највероватно ги обавувало сите христијански обреди и обичаи во црквата Св. Константин и Елена.

Селото Мокрино денес има околу 700 жители. Во селото е развиено земјоделството, а најмногу се одгледуваат градинарски култури. Во последно време, замав зема и туризмот. Така, на само 10 км од селото и познатите Мокрински извори, има неколку објекти за одмор и рекреација. Најпозната е мотелот и ресторан Подгорски Ан кои се наоѓаат помеѓу Смоларскиот и Колешинскиот водопад. Покрај мотелот поминува планинска река.


Мокринските извори се наоѓаат во близина на селото во густа шума, на 330 m надморска височина.

На изворите секоја година на 2 Август се собираат жителите на Мокрино и сите околни села. Доаѓаат луѓе од цела Македонија. Се дава курбан, во чест на водата. Обичајот на давање курбан е многу стар и не се знае од кога датира. Според преданието, „адетот никогаш не бил прекинат освен еднаш, најверојатно се намало пари. Само неколку дена потоа, водата прастанала да извира. Следната година на истиот ден Илинден, мештаните пак се собрале и го направиле обичајот. На два дена подоцна, како божјата рака да ја одврнала славината, вода од изворот повторно потекла. Оттогаш наваму ниту една година не е пресконат датумот“.


Мошне е интересна поврзаноста на изворите со дрвјата – столетните стебла на чинарите (јавори) од чии корења извира вода. Од корењата на трите јавори, истекуваат 40 литри вода во секунда. Температурата на водата е секогаш иста, без оглед каква е температурата на воздухот. Затоа, потокот што истекува од изворот никогаш не замрзнал. Ова се должи веројатно на големата длабочина на изворот и силината на водата. Поради количеството и силината на овие води на времето околу нив имало многу воденици.

Поради убавината на изворите и на севкупната природа во овој дел, а со залагање на општина Ново Село извршено е туристичко уредување на локалитетот. Со тоа, значително е зголемен бројот на посетители, а целата општина стана препознатлива по туристичките атракции во подножјето на Беласица.

aberdojde.mk

ShareTweetPin

Слични Posts

Предновогодишни собиранки на планината Кожуф – нов животен стил
Приказни од селото

Предновогодишни собиранки на планината Кожуф – нов животен стил

декември 27, 2021
Царска есенската идила и живописна природа – село Ореше
Приказни од селото

Царска есенската идила и живописна природа – село Ореше

декември 22, 2021
„Селото на најучени луѓе“ – Владимирово
Приказни од селото

„Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

октомври 21, 2021
Со одгледувате органски зеленчук во вашата градина до среќа
Приказни од селото

Со одгледувате органски зеленчук во вашата градина до среќа

јуни 22, 2021
Зетот е качен на коњ, а другите сватови одат пешки – свадбени обичаи од Дебарца
Приказни од селото

Зетот е качен на коњ, а другите сватови одат пешки – свадбени обичаи од Дебарца

јуни 7, 2021
Скриена под три јавори на сред село во Колешино – чешма Даревица
Приказни од селото

Скриена под три јавори на сред село во Колешино – чешма Даревица

јуни 1, 2021

Прочитајте

Направи дома: Природен пестицид

Направи дома: Природен пестицид

април 22, 2021
Да се биде во светот на пчелите е посебна привилегија  – Даниела Станкова

Да се биде во светот на пчелите е посебна привилегија – Даниела Станкова

април 22, 2021
Геотуризмот во пијанечкиот регион – ресурси за развој

Геотуризмот во пијанечкиот регион – ресурси за развој

март 30, 2021

Популарно

  • „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барон, македонскиот ладнокрвен коњ – љубимец во ергелата на Миле Трајковски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Радожда – село што се допира до државната гранична линија и брегот на Охридското Езеро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од корењата на столетните стебла на чинарите (јавори) истекуваат 40 литри вода во секунда – Мокрински извори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато

Developed &Hosted by IGAL Group.

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • КАТЕГОРИИ
    • Приказни од селото
    • Природно богатство
    • Културно наследство
    • Селски туризам
    • Интервју
    • Успешни приказни
    • Останато
  • КОНТАКТ

Developed &Hosted by IGAL Group.