• Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
вторник, јуни 10, 2025
No Result
View All Result
Абер дојде
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
No Result
View All Result
Абер дојде
No Result
View All Result
Дома Приказни од селото

Најстариот даб во Македонија

април 17, 2021
Најстариот даб во Македонија

Најстариот даб во Макеоднија е единствен по својата раскошност и големина, дабот е изникнат токму на средината од врвот на планината и се наоѓа кај Селото Бели близу Кочани.

На планината се наоѓаат два манастира и еден од најстарите дабови во овој дел од Европа. Сместен е во дворот од манастирот „Свети Илија“ до каде се стигнува по кривулест пат, кој на моменти се искачува директно по височинката и ве тера на мал физички напор, ако се искачувате пеш.

Според мерењата, обемот на дрвото е околу 10 метри, а распонот на гранките близу стотина метри. Од далеку наликува на дланка со раширени пет прсти. Но, пред околу две децении, една од гранките која била најдолга, се скршила, а на тоа место се појавила огромна дупка. Дел од дабот почнал да се суши, а месното население често во дупката барало спас од ненадејниот дожд или ветар.

Село Бели, Кочани

Најстариот даб во Македонија се проценува на околу 680 години, иако никој не може со сигурност точно да каже кога и од кого е засаден. Дабот одамна претставува симбол на селото и на овдешните жители, бидејќи седум века опстојува на временските неприлики, заедно со тешкотиите на народот.

Под него се наоѓаат две огромни грамади кои жителите ги викаат „каменот на плачот“.Тоа се камења на кои многу генерации овчари седнувале да ручаат и од нив си ги остреле ножевите. Името го добиле затоа што овчарите плачеле од мака што во тој период немале којзнае што да јадат.

Белскиот даб е сведок и на егзекуцијата на 10 жители од селото кои биле убиени во 1912 година од турската војска, бидејќи го дигнале својот глас против Турската Империја.

На влезот од манастирот “Св. Илија” стои спомен-плоча како сеќавање на тој настан. Во стеблото на дабот со години живеел смок долг околу два метра. Мештаните велат дека тој е негов чувар. Никој не го избркал или пак се обидел да го убие, затоа што сметаат дека е светија.

Еднаш, за Илинден, кога дошле голем број верници во манастирот, смокот излегол од дупката и се искачил високо во гранките и таму останал цел ден, сè додека и последниот верник не си заминал.

Мештаните раскажуваат дека кога се санирала дупката на дабот, стручните лица го молеле смокот да излезе од неа. По двочасовно убедување, тој излегол, а тие ја затвориле дупката. Сега ја нема огромната дупка, а на нејзино место се гледа темнозеленикава материја која го штити дрвото. Но, жителите на Бели веруваат дека смокот нашол друг отвор и повторно влегува внатре во дабот, белското свето дрво е најстариот даб во Македонија.

zemjodelie.mk

ShareTweetPin

Слични Posts

Акција „Овошно дрвце за пластични шишиња“ во општина Босилово
Приказни од селото

Акција „Овошно дрвце за пластични шишиња“ во општина Босилово

април 6, 2023
Ирена неуморно создава нови вкусови од локалното овошје и билки кои ги нуди регионот на Беровo
Приказни од селото

Ирена неуморно создава нови вкусови од локалното овошје и билки кои ги нуди регионот на Беровo

декември 14, 2022
Даниела Крстевска изработува сапуни со користење на природни состојки – бренд МОЈОТ САПУН
Приказни од селото

Даниела Крстевска изработува сапуни со користење на природни состојки – бренд МОЈОТ САПУН

ноември 30, 2022
Предновогодишни собиранки на планината Кожуф – нов животен стил
Приказни од селото

Предновогодишни собиранки на планината Кожуф – нов животен стил

декември 27, 2021
Царска есенската идила и живописна природа – село Ореше
Приказни од селото

Царска есенската идила и живописна природа – село Ореше

декември 22, 2021
„Селото на најучени луѓе“ – Владимирово
Приказни од селото

„Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

октомври 21, 2021

Прочитајте

Чешмата e со осум дулци, a има и пастрмка – село Скребатно

Чешмата e со осум дулци, a има и пастрмка – село Скребатно

мај 13, 2021
“Информирани и безбедни фармери во услови на пандемија од Ковид 19”

“Информирани и безбедни фармери во услови на пандемија од Ковид 19”

март 2, 2021
Верба, љубов и надеж за македонското овчарско куче Караман

Верба, љубов и надеж за македонското овчарско куче Караман

март 21, 2021

Популарно

  • Коњско опавче – билка која е вистински дар од природата, помага во лекување на бубрези, цисти, зглобови и бели дробови

    Коњско опавче – билка која е вистински дар од природата, помага во лекување на бубрези, цисти, зглобови и бели дробови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бозелот помага во лекување на ракот, но ја лечи и кашлицата: еве како се приготвува чајот, сокот и лековитиот мед

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Радожда – село што се допира до државната гранична линија и брегот на Охридското Езеро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато

Developed &Hosted by IGAL Group.

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • КАТЕГОРИИ
    • Приказни од селото
    • Природно богатство
    • Културно наследство
    • Селски туризам
    • Интервју
    • Успешни приказни
    • Останато
  • КОНТАКТ

Developed &Hosted by IGAL Group.