• Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
среда, јуни 25, 2025
No Result
View All Result
Абер дојде
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
No Result
View All Result
Абер дојде
No Result
View All Result
Дома Културно наследство

Мистеријата на Ратевските Бамбурци

март 14, 2021
Мистеријата на Ратевските Бамбурци

Автор: Милена Илиевска

Колку и да звучи чудно, нели сме 21-ви век па се помалку луѓе веруваат во зли духови, авети, вампири, традицијата која го спојува паганското со христијанското, сеуште опстојува на овие простори. А, токму таа, традицијата, ја држи Македонија да биде уникатна, посебна, со скриени ќошиња на мистерии и историја, култура и традиција.

Кога ќе се спомене карневал, веднаш имаме асоцијација на два големи настани: Вевчанскиот карневал и оној во Струмица. Но, за љубопитните трагачи, вредно е да се спомене уште едно место. Можеби е малечко на карта, но, верувајте, има многу интересна приказна која би ви ја раскажало, ако решите да го посетите.

Ратево е малечко село, дел од Општина Берово. Се наоѓа во среднишниот дел на оваа општина, блиску до Беровското Езеро, кое Ратевчани го „крстиле“ уште и Ратевско Езеро. Ова населено место бележи рани почетоци на населба. Доказ за ова се: ископината Градиште 1, која датира од доцноантичкиот период. Во склоп на оваа ископина има некропола и голема ѕидина – бедем, кој се наоѓа на источната периферија на селото. На 200 метри од бедемот се наѕираат контури на гробови. Наоколу можат да се најдат искршени глинени садови, по некој питос. Но, монетите и другите повеќе вреди нешта ги нема повеќе. Потоа, интересни се и Градиште 2 каде што се наоѓа старохристијанска црква, Грамади – населба од доцноантичкото време, во која се најдени византиски монети, Жизница, Манастир и Могила. Сите овие стари населби сведочат за рано населување на овие простори. И како по некое непишано правило, за љубопитните и оние кои помалку знаат за тој период од нашата историја, редно е да се спомене дека уште во антиката, па и раното средновековие (се додека не се христијанизирало целото население од овој крај) паганските обичаи и елементи заземале голем дел од секојдневниот живот. Обредните песни, обичаи за дожд, добар род, мирно време и бркање на злото се имаат вткаено уште од тоа време.

Ратево има уникатен карневал кој можеби наликува на Вевчанскиот по својата суштина, но сепак се разликува по формата и начинот на кој се изведува. Терминот „Бамбурци“ најверојатно доаѓа од зборот „Бабари“ кој пак, сигурно води потекло од „русалиите“ или кај ратевчани позанти како „русалије’. Овој карневал постои над 600 години. Навистина, долг период, во кој и покрај сите прилики и неприлики што го имаат снајдено овој народ низ целокупната историја, опстоил во својата уникатна форма. Ратевчани ќе раскажат дека карневалот се појавил како реакција на лошата болест што го зафатила овој крај. Тогашните жители, незнајеќи ја причината за тоа, решиле да го изгонат злото на единствениот начин за кој знаеле: со клопотарци, рогови, ѕвонци, под маски од кожи и со гласно викање и пеење обредни песни.

Битката за тронот се случувала и на овие простои

Ова можеби малку ќе ги разочара фановите на култната серија Game of Thrones, но можеби и ќе ги направи горди, затоа што многу порано, уште пред да биде извадено на виделина ова култно сценарио, овде се играла битката за тронот. Битката помеѓу доброто и злото. Ако погледнеме векови наназад, во човечката колективна меморија се проткајува таа нишка за епската борба помеѓу темнината и светлината, добро и злото, огнот и мразот.

И по 600 години, традицијата си останала со неизменет редослед. Маските се прават од животински кожи, кои се сушат со сол и потоа со нив се маскираат учесниците во процесијата. Силниот звук што го создаваат додатните елементи: ѕвонците и клопотраците, страшниот изглед на самите учесници, сокриени под маските од животински кожи и рогови, укажува на тоа дека процесијата го има за основа земено паганскиот елемент на „палшење на злото“.

Самата припрема е обвиена со мистерија. Таа започнува ноќе, кога Бамбурците се собираат во напуштените куќи и почнуваат со припремите. Маските понекогаш знаат да бидат тешки и по 70 килограми. Учесниците во оваа процесија ги обелкуваат на себе тие маски, со железен синџир ги врзуваат ѕвонците и клопотарците на половината, на главата ги ставаат животинските кожи со рогови и така ,со покриени лица „за да не ги препознае злото“ излегуваат со првите петли низ селото, притоа создавајќи силна врева. По патот собираат саѓи од селските фурни за подоцнежното ритуални „црненње“ на селаните. Ова, најверојатно, потекнува од периодот кога се сметало дека со црненење на лицето и телото, болеста и злото ќе избегаат од човекот. Неизбежен елемент е и големиот оган сред село. Тука се случува најфасцинантниот дел од процесијата.

Сите бамбурци се собираат околу огнот и почнуваат да играат ритуален танц, еден вид оро околу огнот, притоа правејќи врева со стаповите удирјаќи по земјата. Огнот има прочистувачки елементи во сите религии. Тој со својата светлина и топлина го брка злото. Се верува дека само машките имаат право да учествуваат на овој карневал, а ако им се вметне некој жеснки учесник и биде препознаен, веднаш е остранет од церемонијата при што, лицето на девојчето ќе биде исцрнето со јаглен. Ова е уште еден елемен останат од дамнешните времиња, кога се сметало дека жанските немаат право да учествуваат во војна или во процесија во која треба да се покаже сила и доминација.

 

 

https://travelers.mk/

ShareTweetPin

Слични Posts

На денешниот празник водите на овој извор во Македонија се сметаат за нajлековити
Културно наследство

На денешниот празник водите на овој извор во Македонија се сметаат за нajлековити

јуни 3, 2021
Виното во Македонија
Културно наследство

Виното во Македонија

мај 31, 2021
Во домот на водниот змеј – Плачковица
Културно наследство

Во домот на водниот змеј – Плачковица

мај 10, 2021
Виното тоа е живот
Културно наследство

Виното тоа е живот

мај 8, 2021
Радовишки марифети: ТАТЛИЈА
Културно наследство

Радовишки марифети: ТАТЛИЈА

мај 2, 2021
Манастир Св. Ѓорѓи – место за душевен одмор на Валандовчани!
Културно наследство

Манастир Св. Ѓорѓи – место за душевен одмор на Валандовчани!

мај 1, 2021

Прочитајте

Како дете слушав приказни за Бислим, дека е мистичен предел каде живеат огромни орли и приказни за некое сокриено богатство. Денес е модерен туристички потенцијал – м-р Драган Чунгурски

Како дете слушав приказни за Бислим, дека е мистичен предел каде живеат огромни орли и приказни за некое сокриено богатство. Денес е модерен туристички потенцијал – м-р Драган Чунгурски

април 22, 2021
Општина Конче ги подобри условите за активен рурален туризам.

Општина Конче ги подобри условите за активен рурален туризам.

март 15, 2021
Македонската пеперутка

Македонската пеперутка

март 20, 2021

Популарно

  • Коњско опавче – билка која е вистински дар од природата, помага во лекување на бубрези, цисти, зглобови и бели дробови

    Коњско опавче – билка која е вистински дар од природата, помага во лекување на бубрези, цисти, зглобови и бели дробови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бозелот помага во лекување на ракот, но ја лечи и кашлицата: еве како се приготвува чајот, сокот и лековитиот мед

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Радожда – село што се допира до државната гранична линија и брегот на Охридското Езеро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато

Developed &Hosted by IGAL Group.

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • КАТЕГОРИИ
    • Приказни од селото
    • Природно богатство
    • Културно наследство
    • Селски туризам
    • Интервју
    • Успешни приказни
    • Останато
  • КОНТАКТ

Developed &Hosted by IGAL Group.