• Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
недела, јуни 4, 2023
No Result
View All Result
Абер дојде
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
No Result
View All Result
Абер дојде
No Result
View All Result
Дома Културно наследство

Манастир Св. Ѓорѓи – место за душевен одмор на Валандовчани!

мај 1, 2021
Манастир Св. Ѓорѓи – место за душевен одмор на Валандовчани!

Кога Евлија Челебија го посетил овој манастир, рекол дека е “најубав манастир во земјата на манастирите”. Ова верско светилиште се наоѓа во еден живописен предел на околу 500 м надморска височина, на планината Плавуш, на само 2 км северозападно од Валандово. Расположено е во тишината и спокојот на природата, на чија убавина највеќе се воодушевува окото на намерникот, на љубопитникот.

Во средниот век, на овој простор постоела мошне убава црква посветена на Свети Ѓорѓи, од која зрачела убавината на валандовското поднебје. Неа ја подигнал српскиот цар Стефан Душан во 1349 година, а ја граделе неимари со развиена смисла за естетика. По доаѓањето на Турците во Валандово, црквата Свети Ѓорѓи прераснала во манастир. Манастирската црква и конаците околу неа, биле оградени со високи и дебели ѕидови, скопчани со тешка железна врата. Денешната манастирска црква е недоволно атрактивна. Таа е мала по големина, а градена е од камен. Внатрешноста на малата манастирска црква е исполнета со скромен фонд на икони, слики и дрвен намештај. Некои од иконите се изработени по земјотресот кој бил 1931 година (еден од најсилните забележани во Македонија со 10 степени по Меркалиева скала) и ја разурнал црквата, но има и такви кои се изработени во поново време. Олтарната преграда што ја сочинува малиот иконостас, ја има дебелината на рамките на иконите. Во средината на јужниот ѕид се наоѓа таканаречениот владички стол , а лево од него се иконите.

Манастирскиот простор денес е прекрасно среден и претворен во излетничко место, место за уживање и одмор. Околу манастирската црква има три чешми со исцртани фрески и со многу питка и како што велат старите – лековита вода. Инаку амбиенталното обликување на просторот околу манастирот ќе придонесе ова светилиште да служи, не само за развивање на интензивен религиозен живот, туку и за одмор и рекреација.

Изработиле: Славица Тенекиџиева и Тоше Тановски

 

ShareTweetPin

Слични Posts

На денешниот празник водите на овој извор во Македонија се сметаат за нajлековити
Културно наследство

На денешниот празник водите на овој извор во Македонија се сметаат за нajлековити

јуни 3, 2021
Виното во Македонија
Културно наследство

Виното во Македонија

мај 31, 2021
Во домот на водниот змеј – Плачковица
Културно наследство

Во домот на водниот змеј – Плачковица

мај 10, 2021
Виното тоа е живот
Културно наследство

Виното тоа е живот

мај 8, 2021
Радовишки марифети: ТАТЛИЈА
Културно наследство

Радовишки марифети: ТАТЛИЈА

мај 2, 2021
Што е вински туризам?
Културно наследство

Што е вински туризам?

април 23, 2021

Прочитајте

Kампања „Купувајте домашни земјоделски производи“

Kампања „Купувајте домашни земјоделски производи“

април 8, 2021
Презентација на проектот ,,Национална платформа за женско претприемништво’’

Презентација на проектот ,,Национална платформа за женско претприемништво’’

мај 21, 2021
Незаборавно доживување со кајче по езерото Козјак

Незаборавно доживување со кајче по езерото Козјак

април 25, 2021

Популарно

  • „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Радожда – село што се допира до државната гранична линија и брегот на Охридското Езеро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барон, македонскиот ладнокрвен коњ – љубимец во ергелата на Миле Трајковски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Одведете ги вашите деца во селото Кожле!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато

Developed &Hosted by IGAL Group.

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • КАТЕГОРИИ
    • Приказни од селото
    • Природно богатство
    • Културно наследство
    • Селски туризам
    • Интервју
    • Успешни приказни
    • Останато
  • КОНТАКТ

Developed &Hosted by IGAL Group.