• Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
недела, јули 6, 2025
No Result
View All Result
Абер дојде
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
No Result
View All Result
Абер дојде
No Result
View All Result
Дома Природно богатство

Кристалната Пештера во Дебар

април 12, 2021
Кристалната Пештера во Дебар

На патот помеѓу бањата Косоврасти и Дебар, се наоѓа Кристалната Пештера. Ова природно богатство се наоѓа во рудникот „Кнауф”, а локалните жители го нарекуваат Кристална Пештера.

Градот Дебар, како еден од ретките градови со наоѓалишта на гипс во нашата држава, го нуди ова место кое располага со убаво развиени и впечатливи кристали.

Причина за формирање на чистите и цврти кристали се изворските термални води, кои истовремено се и причина за остриот мирис на сулфурот.  Повеќе илјадници години биле потребни да се формираат огромните кристални сводови и столбови кои ја истакнуваат убавината на ова место. Кристалната пештера има постојана температура од 17 степени и воздухот внатре е секогаш влажен.

Рудникот се наоѓа на 90 до 200 метри под површината, и е богат со гипс од три видови, и тоа: анхидрит, алабастер и селенит. Како најуникатен од овие три видови на кристали е кристалот на селенит, кој се користи во медицината за изработка на гипсени лонгети.

На секои десетина метри во рудникот има огромен ходник кој води лево или десно од минијатурната пруга по која рударите ги туркаат количките полни со кристалот. Подот е испресечен со минијатурни поточиња од термалната вода, која иако мириса на сулфур има лековито влијание. Во играта на светлина, зраци и сенки, се забележавуваат неколку мали барички на чија површина има тенка кора, како матно стакло, а на дното нешто што потсетува на алги, но со бела боја.

Поради тесните отвори, за влез во рудникот секогаш е неопходна заштитната опрема. Колку подлабоко се навлегува во рудникот се забележува дека огромните сводови и тавани, високи по десетина метри, немаат никаква потпора, туку се држат самите себеси. Подот е испречен со мали поточиња од термална вода, која и покрај присуството на сулфур е многу лековита.

За термалната вода се смета дека овозможува лекување од доста голем број на болести.  Многумина сметаат дека кристалите од оваа пештера имаат големо влијание во уништувањето на негативната енергија на човекот. Оваа пештера е една од двете вакви пештери во светот. Во неа може да се најде и види уникатниот кристал – селенит кој освен на ова место го има само уште во Мексико.

Автор: Георгина Пупалеска

ShareTweetPin

Слични Posts

Животински биодиверзитет во Моноспитовско блато
Природно богатство

Животински биодиверзитет во Моноспитовско блато

август 15, 2024
Студија за ревитализација на Моноспитовско блато
Природно богатство

Студија за ревитализација на Моноспитовско блато

август 15, 2024
Растителен диверзитет во Моноспитовско блато
Природно богатство

Растителен диверзитет во Моноспитовско блато

февруари 16, 2024
Бислимската клисура, нов предизвик за адреналиски спортови
Природно богатство

Бислимската клисура, нов предизвик за адреналиски спортови

март 28, 2022
Камените столбови („цуцки“) во „Долината на плодноста“ кај Конопиште
Природно богатство

Камените столбови („цуцки“) во „Долината на плодноста“ кај Конопиште

јуни 11, 2021
Лековити билки – Берење, сушење и складирање
Природно богатство

Лековити билки – Берење, сушење и складирање

јуни 9, 2021

Прочитајте

ПРОЕКТ: ЕКОЛОШКО ПРИФАТЛИВИ ТЕХНИКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЕКСТРЕМНИТЕ ПРОЦЕСИ НА ЕРОЗИЈА ВО ОПОЖАРЕНИ ШУМИ

ПРОЕКТ: ЕКОЛОШКО ПРИФАТЛИВИ ТЕХНИКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЕКСТРЕМНИТЕ ПРОЦЕСИ НА ЕРОЗИЈА ВО ОПОЖАРЕНИ ШУМИ

април 21, 2021
МАШТЕНИЦА – СУРУТКА – ЗДРАВЈЕ

МАШТЕНИЦА – СУРУТКА – ЗДРАВЈЕ

март 25, 2021
Пчелите се всушност оние кои го прават медот „супер-храна“ – Наташа Велковска

Пчелите се всушност оние кои го прават медот „супер-храна“ – Наташа Велковска

април 10, 2021

Популарно

  • Коњско опавче – билка која е вистински дар од природата, помага во лекување на бубрези, цисти, зглобови и бели дробови

    Коњско опавче – билка која е вистински дар од природата, помага во лекување на бубрези, цисти, зглобови и бели дробови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бозелот помага во лекување на ракот, но ја лечи и кашлицата: еве како се приготвува чајот, сокот и лековитиот мед

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Радожда – село што се допира до државната гранична линија и брегот на Охридското Езеро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато

Developed &Hosted by IGAL Group.

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • КАТЕГОРИИ
    • Приказни од селото
    • Природно богатство
    • Културно наследство
    • Селски туризам
    • Интервју
    • Успешни приказни
    • Останато
  • КОНТАКТ

Developed &Hosted by IGAL Group.