• Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
сабота, јули 5, 2025
No Result
View All Result
Абер дојде
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
No Result
View All Result
Абер дојде
No Result
View All Result
Дома Културно наследство

Копаничарството – уметност со долга традиција и сведоштво за македонската култура

март 15, 2021
Копаничарството – уметност со долга традиција и сведоштво за македонската култура
Македонија од секогаш имала прочуни резбари во дрво, кои оставиле зад себе драгоцени копаничарски дела. Традицијата не згаснува. Но, уметниците и експертите предупредуваат на заштита на македонските резби.
Трпеливо, прецизно и макотрпно ги врежуваат македонските копаничари во дрвото своите мечти, уметничката имагинација, проткаена со употреба на 30-тина симболи на животни, растенија, предмети и други мотиви. Резбарските тајфи од минатите векови на Петре Филиповски – Гарката, Макариј Фрчковски, браќата Димитар и Андон Станишеви, како и мнозина други од времето тогашно, но и сегашно, ја исполнија македонската култура со врвни резбарски дела: иконостаси, архиерејски тронови, царски двери, балдахини, полиелеи …
Здружението на македонските копаничари со седиште во Битола во изминатите години од своето постоење организираше многу изложби и уметнички колонии на македонската резба..
Подем на резбата во Македонија
Димитар Ќорнаков од Скопје, пензиониран универзитетски професор по историја на уметноста и експерт за копаничарство, вели дека во Македонија веќе повеќе години се случува исклучителен подем на резбата: „Тоа се должи на една традиција, која е вградена во духот на нашите поколенија. И тие новите што се раѓаат сега, го носат тој ген на своите претци. Не можам да верувам луѓето кои не оделе воопшто во тие резбарски школи и ателјеа, како самите со своите деца создаваат ремек-дела. Тоа е нешто несфатливо.“
Македонските културни артефакти да се презентираат и во странство.
Будимир Апостолски, копаничар од Тетово, кој е присутен во оваа дејност повеќе години со изработени околу 400 дела, истакнува дека се неопходни грижливо негување на богатите традиции, но и многу поголемо претставување во странство на овие дела од македонското културно наследство: „Сегашните луѓе, кои работат во оваа дејност, треба да едуцираат и млади кадри, што значи, истите тие кои ќе ја продолжат оваа традиција која трае со векови. Со резбарските дела во копаничарството презентираме голема цивилизација, ние сме во рамките на големите светски култури. Наша должност е оваа наша мала земја, но со многу културни артефакти, да се презентира во светот. За нас, Македонците, културата е нашето најсилно оружје.“
Др. Ќорнаков посочува на своите незаборавни искуства од фасцинантните изложби на македонското копаничарство уште во 80-тите години од минатиот век во европските метрополи, кога Македонија со нив влезе во Европа, но во нејзината култура, во музеите во Брисел, Братфорд, во скандинавските држави. Тој нагласува дека вакви меѓународни презентации недостигаат многу, особено денес, кога се негираат националниот и културниот идентитет на македонскиот народ. Ќорнаков во овој контекст дополнува: „Тие беа восхитени од оригиналните, од големите дела на еден мал народ. Мислам дека тоа требаше да се повторува и во годините потоа и во други земји. Тука ќе се види културата, творештвото и опстанокот на еден народ, кој твори и кој имал своја култура и идентитет.“
Апел за заштита на резбарството
Стеван Гроздановски, резбар во дрво од Охрид, укажува на еден интересен аспект: „Во Скопје на саем за мебел пет години одев со ред и еден тогаш ми се закани, велејќи ми: ’Машинската резба ќе ве замени, вие немате веќе ништо што да внесувате, светот ќе се азвтоматизира’. Тогаш јас му одговорив: ’Она што ќе го направи човечката рака компјутерот не може да го замени. Така е и со резбата. Ние во неа ја вградуваме својата душа.’“
Претседателот на Здружението „Копаничар“ од Битола Злате Крстевски дополнува во овој контекст: „Апелирам до институциите на власта, на државата, до Министерството за култура, како и до Македонската православна црква и сите други чинители, да се престане со носењето од други држави на ефтини резби како ентериер и како мебел во институциите и во црквите и манастирите. Со тоа ја унакажуваме оваа наша автентична македонска уметност. Во нашите резби е вградена традицијата и особините на македонската резба со сета македонска симболика, во нашите копаничарски дела е врежан и нашиот идентитет, а на тој начин, со носењето такви резби од надвор, кои се ефтини и со мотиви изработени на поинаков начин, се ’урива’ традицијата на домашната резба.“
Македонските уметници – копаничари, чии дела красат многу цркви, манастири, приватни и државни музејски збирки во земјата и во странство, очекуваат продолжување, но и зголемување на материјалната поддршка од Министерството за култура на Македонија.
Свето Тоевски
aberdojde.mk
ShareTweetPin

Слични Posts

На денешниот празник водите на овој извор во Македонија се сметаат за нajлековити
Културно наследство

На денешниот празник водите на овој извор во Македонија се сметаат за нajлековити

јуни 3, 2021
Виното во Македонија
Културно наследство

Виното во Македонија

мај 31, 2021
Во домот на водниот змеј – Плачковица
Културно наследство

Во домот на водниот змеј – Плачковица

мај 10, 2021
Виното тоа е живот
Културно наследство

Виното тоа е живот

мај 8, 2021
Радовишки марифети: ТАТЛИЈА
Културно наследство

Радовишки марифети: ТАТЛИЈА

мај 2, 2021
Манастир Св. Ѓорѓи – место за душевен одмор на Валандовчани!
Културно наследство

Манастир Св. Ѓорѓи – место за душевен одмор на Валандовчани!

мај 1, 2021

Прочитајте

Fifi Wow – нов стил на модерната жена исплетен од македонската традиција – Фиданка Смилкова

Fifi Wow – нов стил на модерната жена исплетен од македонската традиција – Фиданка Смилкова

март 5, 2021
ЗАШТИТА И ПРОМОЦИЈА НА ГРУПА ПЛАТАНОВИ СТЕБЛА ВО СЕЛО МОРОДВИС

ЗАШТИТА И ПРОМОЦИЈА НА ГРУПА ПЛАТАНОВИ СТЕБЛА ВО СЕЛО МОРОДВИС

март 19, 2021
Преку проектот „From Disability to FoodAbility”реновирани две сточарски фарми

Преку проектот „From Disability to FoodAbility”реновирани две сточарски фарми

април 5, 2021

Популарно

  • Коњско опавче – билка која е вистински дар од природата, помага во лекување на бубрези, цисти, зглобови и бели дробови

    Коњско опавче – билка која е вистински дар од природата, помага во лекување на бубрези, цисти, зглобови и бели дробови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бозелот помага во лекување на ракот, но ја лечи и кашлицата: еве како се приготвува чајот, сокот и лековитиот мед

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Радожда – село што се допира до државната гранична линија и брегот на Охридското Езеро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато

Developed &Hosted by IGAL Group.

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • КАТЕГОРИИ
    • Приказни од селото
    • Природно богатство
    • Културно наследство
    • Селски туризам
    • Интервју
    • Успешни приказни
    • Останато
  • КОНТАКТ

Developed &Hosted by IGAL Group.