• Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
петок, јули 4, 2025
No Result
View All Result
Абер дојде
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
No Result
View All Result
Абер дојде
No Result
View All Result
Дома Интервју

Конзервацијата е уметност, состојба на духот и на умот. Предизвик за кој треба да поседуваш уметничка дарба и шесто сетило – Славица Тасева

март 20, 2021
Конзервацијата е уметност, состојба на духот и на умот. Предизвик за кој треба да поседуваш уметничка дарба и шесто сетило – Славица Тасева

Г-ѓа Славица Тасева, инж.архитект со триесет и три годишно конзерваторско искуство на културно недвижно наследство, уметник со дарба и одличен познавач на археологијата од праисторијата до денес. Вработена во НУ Завод и Музеј во Струмица.

 Абер дојде: Г-ѓа Славица, задоволни ли сте од Вашиот животен професионален избор?

Славица Тасева: Во животот мислам дека најбитен момент е да направиш правилен избор на професијата. Односно, да ја одбереш таа професија која можеш и која сакаш да ја работиш. Јас сум една од среќните кои ја избрале својата професија и која ја работат цел живот со задоволство. Како дипл. инж.архитект работам веќе 33 години во НУ Завод и Музеј во Струмица, специјалност – конзерватор на недвижното културно наследство, со звање советник.

Абер дојде: Какви сè познавања треба да има еден конзерватор?

Славица Тасева: Некој мудрец одамна рекол дека за да бидеш архитект треба да имаш општи познавања од скоро сите науки, затоа што за да проектираш еден објект, прво потребно е да поседуваш уметничка дарба, па да ги познаваш карактеристиките на земјата (почвата), на воздухот, осончувањето, статиката, пропoрциите и мерките и многу други параметри, кои се потребни за да се изработи добар проект.

А пак, за да бидеш конзерватор на недвижното културно богатство,  тоа е е веќе предизвик и треба многу други познавања, како на примр и од областа на историјата. Затоа што секојдневно се среќавам со објекти од различни периодики, така да, навистина е предизвик да се работи таа работа.

Абер дојде: Вашата институција, во работењето опфаќа поширок регион, не само струмичкиот? За нашите читатели малку повеќе околу Вашите работни обврски?

Славица Тасева: Бидејќи нашата Институција е регионална, односно надлежна е на целиот југоисточен регион во Македонија во која се наоѓаат најзначајните споменици на културата, работам на изготвување на проекти за објекти од праисторија до нов век. Тесната врска на мојата професија со археологијата ми дава можност да работам проекти на објекти кои се откриени со археолошки истражувања. На тие објекти има можност да се прави конзервација, реставрација, па и реконструкција со ревитализација. Тоа значи дека може да се направи проект со кој објектот ќе се изгради целосно како што бил и да му се даде нова функција или пак да биде со поранешната фукција.Сето тоа има големи захтеви со големи истражувања, анализи…тоа е цела наука.

Абер дојде: Импресивно! Веруваме дека имате и тим од колеги околу Вас? Да ни спомнете некои од објектите кои повторно сте ги „оживеале“?

Славица Тасева: Работата во нашата Институција при изработка и реализација на проекти на споменици на културата е тимска, што значи  учествуваат повеќе колеги со различни професии.

Еден ваков голем проект  во кој сум реализатор е тврдината Цареви Кули близу Струмица, кој се реализира по фази и кој се надевам дека за некоја година ќе биде целосно реализиран и ќе биде значајна туристичка атракција.

Исто така Доцноримското термално лекувалиште во с. Банско на Беласица е долгогодишен проект на кој работам скоро 30 години и кој исто така се реализира по фази. Како единствен таков комплекс од објекти на Балканот и пошироко, во кој сеуште е активна термалната вода која е користена за лекување на разни болести, има посебно место во мојата кариера за него.

Со археолошки истражувања во водите на Дојранското Езеро во Стар Дојран на местото Мрдаја, се откри праисториско наколно живеалиште. Богатите наоди за наколните праисториски куќи, како и богатиот фонд на артефакти и предмети од секојдневниот живот во тие куќи ја даде можноста да се изработи идеен проект за реконструкција на скоро целата праисториска населба поставена на дрвени колци во Дојранското Езеро. Со заложба на Опшина Дојран, во тек е постапката за целосна разработка на проектот како главен и конечно негова реализација. Е тоа ќе е навистина туристичка атракција, втора после наколната населба во Заливот на коските во водите на Охридското Езеро, но и за среќа многу поинтересна и поразлична.

Нашата земја има премногу споменици на културата кои ја отсликуваат историјата, начинот на живот и постоење уште од предисторијата. Со тоа се покажува и докажува нашето постоење, нашите корени, уметнички дострели и  воопшто културата на една вековна земја со традиција на живеење.

Абер дојде: Колку објектите кои се наоѓаат во село се интересни за конзервација?

Славица Тасева: Многу. Бидејќи скоро сите објекти кои се од доцнаримскиот и од средниот век се наоѓаат во село или во рурални подрачја. Претходно веќе го спомнав Доцноримското термално лекувалиште во с. Банско, а да ги спонам и средовековните цркви и манастири на кои имам работено како проекти: Црквата Свети Богородица Елеуса во с. Вељуса која е бисерот од тој тип на архитектурата во Македонија, црквата Св. Леонтиј во с. Водоча, капиталец кој е реконструиран целосно и е во функција, црквата Св. Петнаесет Тивериополски Маченици во Струмица, заштитникот на нашиот град, што значи, како што реков тесна е врската на објектите на кои се врши конзервација со руралното место. Во секој таков објект е вткаено живееењето на население кое гравитира околу него.

За црквата Св. Кирил и Методиј која се наоѓа во Струмица имам изработено проект за целосна конзервација, санација и реставрација, кој треба да се реализира оваа година. Црквата Св. Илија во Стар Дојран, истот така е мој проект со кој се опфати конзервација и реставрација на црквата и кој скоро целосно е реализиран.

Во Стар Дојран работени се проекти и за Саат кулата, објект за кој има интересна историја, како и за Амамот кој служел за капење на мештаните по одреден редослед. Овие два објекти се реализираат оваа година.

Абер дојде: Објекти од Вашиот град?

Славица Тасева: Централното градско подрачје на градот Струмица е со посебен белег од објекти кои се споменици на културата, како зградата на Општинското собрание и зградата на стара НА-МА, сегашна сопственост на Прокредит Банка. Фасадите на овие карактеристични објекти се изведени од проекти и од моја реализација.

Старата Струмичка чаршија која е настаната во дваесеттите години на 20 век, е од објекти кои се со посебни карактеристики. Со изработката на проектите на фасадите од објектите и со нивна етапна реализација се добива поранешниот сјај на чаршијата, која ја дефинира Струмица како развиен трговски и културен центар во периодот на нејзиното опстојување.

И уште многу, многу други проекти изминатите години се изработени од мене и се реализирани во Штип, Гевгелија, Свети Николе и во други градови во нашата земја.

Исполнета сум со мојата професионална креативна работа.

Абер дојде: Очигледно во Вашата професија се вложувате себе си. Има ли место за слободно време? Патувања? Дружење со пријатели?

Славица Тасева: Опсесија ми е и патувањето. Многубројните земји кои ги имам посетено, скоро сите интересни места во нашата убава земја ми даваат поттик и во мојата професија. Анализирајки ја архитектурата во другите земји наоѓам инсирации и идеи за уште многу други проекти кои ми се во план за реализација.

Абер дојде: Како конзерватор, со цел подобра реконструкција на објектите веруваме дека ја следите и нашата традиција и имате соработка со невладиниот сектор?

Со задоволство ја следам и традицијата за исхраната. Како член во Слоу Фуд Огражден имам учествувано во манифестации со презентација на нашата традиционална исхрана. Оваа традиција на храна од нашето поднебје посебно ја негувам следејќи ги и обичаите во исхраната на празниците. Особено се реализирам во месење на традиционални пити, баници и други тестенини за кои моите другарки кажуваат дека сум, мајстор за тестенини…Традицијата ја негувам и преку учеството на бројните карневалски манифестации во нашата земја и во Европа.

Струмичкиот карневал за мене е посебен како традиција на Струмичани опфаќајки го и тримерскиот обичај кој го имам презентирано во телевизиска емисија.Абер дојде: Тимот на Абер дојде знае дека имате и внука. Сигурно има време и за дружење со неа?

Секако, и тоа многу. Мојот живот овие две години целосно го исполнува мојата внука Лана со која го минувам секој слободен момент од денот. Заедничките детски игри со неа, ме внесуваат во детската фантазија која е неизмерно чиста и искрена и која во овие тешки времиња се лек за душата.

Сашко Поповски aberdojde.mk
ShareTweetPin

Слични Posts

Како дете слушав приказни за Бислим, дека е мистичен предел каде живеат огромни орли и приказни за некое сокриено богатство. Денес е модерен туристички потенцијал – м-р Драган Чунгурски
Интервју

Како дете слушав приказни за Бислим, дека е мистичен предел каде живеат огромни орли и приказни за некое сокриено богатство. Денес е модерен туристички потенцијал – м-р Драган Чунгурски

април 22, 2021
Живеењето на село предуслов за изложба на слики во галеријата Saatchi Art во Лос Анџелес – сликар Панче Горгиев
Интервју

Живеењето на село предуслов за изложба на слики во галеријата Saatchi Art во Лос Анџелес – сликар Панче Горгиев

април 12, 2021
Првата Македонска социјалната мрежа – ruralmarket.net е креирана е да им помогне во пласманот на производите и услугите на многуте производители
Интервју

Првата Македонска социјалната мрежа – ruralmarket.net е креирана е да им помогне во пласманот на производите и услугите на многуте производители

март 16, 2021
Барон, македонскиот ладнокрвен коњ – љубимец во ергелата на Миле Трајковски
Интервју

Барон, македонскиот ладнокрвен коњ – љубимец во ергелата на Миле Трајковски

март 9, 2021
„Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров
Интервју

„Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

март 7, 2021
„Паметни села“ (Smart Villages) – нова концепција за развој на селото
Интервју

„Паметни села“ (Smart Villages) – нова концепција за развој на селото

март 6, 2021

Прочитајте

Интересни факти за виното

Интересни факти за виното

април 10, 2021
Зетот е качен на коњ, а другите сватови одат пешки – свадбени обичаи од Дебарца

Зетот е качен на коњ, а другите сватови одат пешки – свадбени обичаи од Дебарца

јуни 7, 2021
Се уредуваат селските чешми во Делчевско

Се уредуваат селските чешми во Делчевско

март 12, 2021

Популарно

  • Коњско опавче – билка која е вистински дар од природата, помага во лекување на бубрези, цисти, зглобови и бели дробови

    Коњско опавче – билка која е вистински дар од природата, помага во лекување на бубрези, цисти, зглобови и бели дробови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бозелот помага во лекување на ракот, но ја лечи и кашлицата: еве како се приготвува чајот, сокот и лековитиот мед

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Радожда – село што се допира до државната гранична линија и брегот на Охридското Езеро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато

Developed &Hosted by IGAL Group.

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • КАТЕГОРИИ
    • Приказни од селото
    • Природно богатство
    • Културно наследство
    • Селски туризам
    • Интервју
    • Успешни приказни
    • Останато
  • КОНТАКТ

Developed &Hosted by IGAL Group.