Луѓето кои живеат за адреналин не ги спречува годишното време за да го практикуваат своето хоби во кое се заљубени. Тимот на Кајак.мк е во постојана потрага по луѓе кои се вистински мотиватори за младите идни генерации, а воедно се и оние кои ќе го трансформираат туризмот во 2021-вата година.
Запознајте го Дамјан Петрески од „Paddle Klub Skopje“ кој е еден од повеќето во својот тим кој е заљубен во водените спортови. Дамјан вели дека кајакарството и веслањето на SUP даска не е само спортување туку воедно и изучување на природата. Со вакви еколошки справи вие можете да посетите доста пештери и езерски предели кои со пливање се недостапни или пак ви треба доста време.
Веслањето на SUP даска е доста популарно во летните денови, но во зимски успови не е препорачано. Дамјан вели дека студената вода треба да биде вашата најголема грижа за веслање во зимски денови. Не се исклучува и ветерото доколку го има, а и движењето на водата.
Веслањето во зима не може да се спреди со тоа во лето, но и обранто. Зимата си има своја убавина. Фотографиите коишто ги гледате се направени на езерото Матка во текот на минатата година. Дамјан вели дека овде веслаат со добра заштитна водоотпорна облека, само многу е специфичен теренот додека паѓа снег.
За него ова е снежна магија. Да посетите некоја пештера на Матка, а потоа да се напиете топол чај. Додека веслате по Матка ги гледате снегулките како паѓаат и како ги снемува при контакт со водата, а околу вас е се бело. Ова им дало чуство како да се на некое магично место, дел од некоја детска бајка.
Нивната веслачка сезона е од април до октомври, што во зимскиот период им овозможува да направат некоја поинаква зимска авантура.