• Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
среда, јули 2, 2025
No Result
View All Result
Абер дојде
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
No Result
View All Result
Абер дојде
No Result
View All Result
Дома Природно богатство

Киселичка пештера и нејзините тајни!

мај 21, 2021
Киселичка пештера и нејзините тајни!

Во близина на градот Делчево има неколку мали варовнички ридови во кои се создадени кратки пештери. Така, југоисточно од Делчево, кај село Град е 24 м долгата пештера Коњска Дупка која се смета за најисточна пештера во нашата држава. На североисток од Делчево пак, кај с. Киселица е нешто подолгата и поинтересна пештера, која месното население ја нарекува Киселичка Пештера или Киселичка Дупка.

До пештерата се доаѓа преку асфалтниот пат кој води до с. Киселица, а се исклучува од главниот пат М. Каменица-Делчево на само 2 км пред Делчево. По асфалтниот пат се оди 6 км се до Задружната зграда во с. Киселица, а потоа по добар колски пат уште 800 м до т.н. Киселички Дол. Овде се тргнува десно по долот, покрај потокот уште 100 м, додека не се здогледа големата варовничка карпа од десната страна на движење (лева долинска страна). Влезот во Киселичка Пештера се наоѓа во самата карпа и потребно е внимателно искачување по карпата околу 5-6 метри. Од влезот, кој е релативно широк (1,5 м), се минува низ краткиот влезен канал кој се проширува во пештерска сала со пречник од 3-4 м. Во крајните делови на салата продолжуваат уште 3 канали. Најширокиот води кон исток покрај мала кружна галерија и на крајот завршува со тесна, речиси непроодна пукнатина. Останатите два канали се тесни процепи во кои без проблем може да се влезе само 2-3 метри. Вкупната измерена должина на сите канали во овој дел на пештерата е 26 м, со напомена дека истата е веројатно поголема и по наша проценка е околу 35-40 м. Интересно е што кај речиси сите канали има силна циркулација на воздух што упатува на можна поврзаност со „долниот влез“ на Киселичка Пештера. Исто така, треба да се напомене дека истражените канали од овој дел се речиси хоризонтални, со сосема мали падови кон крајот.

Таканаречениот долен влез е оддалечен 20 м од „главниот влез“ и до него многу полесно се доаѓа. Всушност, станува збор за 2 отвори речиси во ниво, меѓусебно поврзани и раздалечени 4 м. Двата отвори се тесни и во нив може да се влезе околу 10-тина метри. И овде има силна циркулација на воздухот, па наша претпоставка е дека се поврзани со горниот дел на пештерата. Според сето наведено, измерената должина на целиот систем на канали од Киселичка Пештера е 42 метри, со веројатност истата да е помеѓу 50 и 60 метри. Останува во идниот период, со подобра техничка опрема и подготовка да се утврдат врските и да се доистражат каналите, со што ќе се добие вкупната реална должина.

Инаку, Киселичка Пештера е сува, со малку поинтензивно прокапување во крајните делови на каналите, каде се формираат сосема мали сталактити. Друг пештерски накит не е забележан. Затоа пак има доста лилјаци, птици, инсекти и сл. Според обликот и карактеристиките, оваа пештера во геолошка смисла е доста „млада“, најверојатно не постара од 20-40 илјади години.

Иако нема некои особено „привлечни“ содржини (освен зеленикавата боја на каналите и почетните сталактити), Киселичка Пештера е интересна по својата положба, имајќи во предвид дека во овој краен источен дел на Македонија, карстни форми и типични пештери се вистинска реткост. За оваа пештера во делчевско има многу легенди и кажувања – од тоа дека има езеро во крајниот внатрешен дел (за такво нешто нема никакви индиции), па до тоа дека преку еден од каналите може да се излезе дури во Бугарија. Локалните жители дури имаат приказна дека во пештерата било пуштено куче кое излегло на бугарската страна, близу границата, односно на оддалеченост од речиси 3 км! Секако, за наведеното тврдење нема никаква основа ниту можност, со оглед на тоа што станува збор за сосема мал варовнички блок со пречник од околу 100-150 м.

Освен самата пештера, целиот овој крај е интересен за посета, прошетка и престој во природата. При тоа секогаш треба да се води сметка за максимално зачувување на природатаи на Киселичка Пештера како нејзина вистинска реткост во овој регион.

Подготвил: д-р Ивица Милевски

aberdojde.mk

ShareTweetPin

Слични Posts

Животински биодиверзитет во Моноспитовско блато
Природно богатство

Животински биодиверзитет во Моноспитовско блато

август 15, 2024
Студија за ревитализација на Моноспитовско блато
Природно богатство

Студија за ревитализација на Моноспитовско блато

август 15, 2024
Растителен диверзитет во Моноспитовско блато
Природно богатство

Растителен диверзитет во Моноспитовско блато

февруари 16, 2024
Бислимската клисура, нов предизвик за адреналиски спортови
Природно богатство

Бислимската клисура, нов предизвик за адреналиски спортови

март 28, 2022
Камените столбови („цуцки“) во „Долината на плодноста“ кај Конопиште
Природно богатство

Камените столбови („цуцки“) во „Долината на плодноста“ кај Конопиште

јуни 11, 2021
Лековити билки – Берење, сушење и складирање
Природно богатство

Лековити билки – Берење, сушење и складирање

јуни 9, 2021

Прочитајте

АГРОБИОДИВЕРЗИТЕТ НА БРЕГАЛНИЧКИОТ РЕГИОН

АГРОБИОДИВЕРЗИТЕТ НА БРЕГАЛНИЧКИОТ РЕГИОН

март 4, 2021
Подржана сточарска фарма во Ерџелија од проектот „From Disability to FoodAbility”

Подржана сточарска фарма во Ерџелија од проектот „From Disability to FoodAbility”

април 6, 2021
На денешниот празник водите на овој извор во Македонија се сметаат за нajлековити

На денешниот празник водите на овој извор во Македонија се сметаат за нajлековити

јуни 3, 2021

Популарно

  • Коњско опавче – билка која е вистински дар од природата, помага во лекување на бубрези, цисти, зглобови и бели дробови

    Коњско опавче – билка која е вистински дар од природата, помага во лекување на бубрези, цисти, зглобови и бели дробови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бозелот помага во лекување на ракот, но ја лечи и кашлицата: еве како се приготвува чајот, сокот и лековитиот мед

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Радожда – село што се допира до државната гранична линија и брегот на Охридското Езеро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато

Developed &Hosted by IGAL Group.

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • КАТЕГОРИИ
    • Приказни од селото
    • Природно богатство
    • Културно наследство
    • Селски туризам
    • Интервју
    • Успешни приказни
    • Останато
  • КОНТАКТ

Developed &Hosted by IGAL Group.