• Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
вторник, јануари 31, 2023
No Result
View All Result
Абер дојде
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
No Result
View All Result
Абер дојде
No Result
View All Result
Дома Природно богатство

Камените столбови („цуцки“) во „Долината на плодноста“ кај Конопиште

јуни 11, 2021
Камените столбови („цуцки“) во „Долината на плодноста“ кај Конопиште

Земјани пирамиди, земјани столбови, камени кукли и камени столбови се релативно ретки релјефни појави настанати со интензивни процеси на водно-механичка ерозија. За изградување на вакви форми, неопходни се повеќе услови (поволна карпеста и почвена подлога, соодветен терен, погодни климатско-вегетациски и хидрографски карактеристики, понекогаш и одредено влијание на човекот), што всушност е причина зошто се поретки појави. Добро оформени земјани или камени пирамиди имаат височина од неколку метри и карактеристичен изглед со поголем камен блок на врвот (во вид на капа). Особено ретка појава е поголема група, односно локалитет со земјани (камени) пирамиди со повеќе десетици форми. Така, во светски рамки има само неколку позначајни и покарактеристични локалитети со вакви појави, како што се во Кападокија (Турција), во Јужен Тирол (Италија), Ѓавоља Варош во Србија, Побити камени во Бугарија, потоа на некои места во Венецуела, југоисточна Азија и други.

Поради интензивните ерозивни процеси, во Македонија има неколку локалитети каде се јавуваат „групи“ на земјани (камени) пирамиди или столбови. Најзначајна е појавата Кукле кај селото Куклица со околу 150 форми, потоа камените столбови во сливот на Бошава со неколку десетици форми и Кукуљето кај Делчево со 20-30 форми. Помали локалитети со по неколку форми има во долината на Луковичка Река кај с. Косевица, потоа во долината на Петрошница во близина на с. Бајловце, на повеќе локации на планината Манговица, потоа во долината на Пехчевска Река и неколку други локалности.

Веројатно поради изгледот на столбовите или цуцките, меѓу мештаните порано, но и денес се зборува дека камените столбови им помагаат на оние што не можат да имаат деца. Тие во овој дел на бошавијата се познати како симбол на плодноста, со што се поврзани и двете легенди што се прераскажуваат од колено на колено. „Едната е дека оние што не можат да имаат деца, треба од некоја од многуте фигури да изгребат земја. Таа се става во измолзено млеко од биволица, во кое се додава мед и така се пие”, раскажуваат мештаните. Тие кажуваат дека често се посетувани од луѓе што имаат мака. “Доаѓаат во селото и бараат спас, но не знаеме колкава е делотворната моќ на мистичните столбови”. Според другата легенда, камените фигури зрачат со некоја посебна енергија, па затоа младите сопружници треба да водат љубов покрај нив за да можат Цуцките да им помогнат да зачнат плодот. Заради наведените верувања и легенди, овој дел од долината на Бошава, помеѓу локалното население е познат како „Долина на плодноста“. Поради недостапноста на Кањата, лицата што го бараат лекот за неплодност, најчесто земјата ја собираат од камените фигури кои се во непосредна близина на земјениот пат, кој води од висорамнината над Кавадарци до Конопиште.

За разлика од Куклите во Куклица, па и од Кукуљето кај Делчево, „цуцките“ околу Конопиште се многу слабо посетени иако се доста атрактивни. Причина е можеби оддалеченоста од поважните комуникации и од поголемите населби, слабата промоција и информираност, недоволната уреденост и слично. Сепак, доколку имате можност, задолжително посетете ги камените столбови и ќе бидете воодушевени не само од нив, туку и од целокупната, речиси недопрена природа во овој простор, како и од убавините на планината Кожуф.

Автор: д-р Ивица Милевски

ShareTweetPin

Слични Posts

Бислимската клисура, нов предизвик за адреналиски спортови
Природно богатство

Бислимската клисура, нов предизвик за адреналиски спортови

март 28, 2022
Лековити билки – Берење, сушење и складирање
Природно богатство

Лековити билки – Берење, сушење и складирање

јуни 9, 2021
Никифорово – „гнездо“ на падините на планината Бистра
Приказни од селото

Никифорово – „гнездо“ на падините на планината Бистра

мај 31, 2021
Киселичка пештера и нејзините тајни!
Природно богатство

Киселичка пештера и нејзините тајни!

мај 21, 2021
Пештерата Су Кујусу или во превод „Дупка со вода“
Природно богатство

Пештерата Су Кујусу или во превод „Дупка со вода“

мај 17, 2021
Ловевме на нимфи, излегуваа помали примероци на пастрмки соодветни за рекичето
Природно богатство

Ловевме на нимфи, излегуваа помали примероци на пастрмки соодветни за рекичето

мај 14, 2021

Прочитајте

Во пријатна атмосфера творат на  традиционална графичка работилница

Во пријатна атмосфера творат на традиционална графичка работилница

мај 26, 2021
„Ако се фаќаш, фати се за даб“  – Виното најконфорно се чувствува во дабова бочва

„Ако се фаќаш, фати се за даб“ – Виното најконфорно се чувствува во дабова бочва

април 24, 2021
Втор Балкански рурален парламент

Втор Балкански рурален парламент

октомври 8, 2021

Популарно

  • „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барон, македонскиот ладнокрвен коњ – љубимец во ергелата на Миле Трајковски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Радожда – село што се допира до државната гранична линија и брегот на Охридското Езеро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од корењата на столетните стебла на чинарите (јавори) истекуваат 40 литри вода во секунда – Мокрински извори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато

Developed &Hosted by IGAL Group.

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • КАТЕГОРИИ
    • Приказни од селото
    • Природно богатство
    • Културно наследство
    • Селски туризам
    • Интервју
    • Успешни приказни
    • Останато
  • КОНТАКТ

Developed &Hosted by IGAL Group.