• Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
четврток, август 11, 2022
No Result
View All Result
Абер дојде
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
No Result
View All Result
Абер дојде
No Result
View All Result
Дома Интервју

Како дете слушав приказни за Бислим, дека е мистичен предел каде живеат огромни орли и приказни за некое сокриено богатство. Денес е модерен туристички потенцијал – м-р Драган Чунгурски

април 22, 2021
Како дете слушав приказни за Бислим, дека е мистичен предел каде живеат огромни орли и приказни за некое сокриено богатство. Денес е модерен туристички потенцијал – м-р Драган Чунгурски

Во последно време рекреативците многу често ја посетуваат Бислимска клисура. Колку од ваш аспект како претставник од одделнието за животна средина од општина Куманово сметате дека ова место може да биде атрактивно за постители?

Да, во право сте, кањонот Бислим минатата година, а очекуваме исто да се случи во периодот што следува е вистински хит меѓу младите и љубителите на природните убавини, тоа може да го видиме од постирањето на преубавите фотографии кои се споделуваат по социјалните мрежи од самите посетители. Само за минатиот викенд мојата проценка е дека овој локалитет го посетија над 300 нови туристи од регионот, не ја изземам состојбата, од минатата година со карантинот, забраната за ограниченото движење и слични други мерки поради кризната состојба, но тогаш некои викенди имаше и над 1000 посетители. Сето ова што ни се случува во светот си има свое влијание и позитивно и негативно. Лекарите како наши актуелни најголеми заштитници секојдневно ни препорачуваат активности на отворено и посета во природата, сигурно дека и ова има огромно влијание за експанзијата што ја доживува Бислимската клисура, но за да го задржиме овој позитивен тренд мора сите чинители активно и сериозно да се вклучат почнувајќи од локалната самоуправа, планскиот регион, невладините организации и најмногу населенито од околните села, односно месните заедници. Туризмот моментално е една од појаки гранки во Економскиот развој во многу земји од ЕУ и значи за релативно нова гранка која сеуште интензивно е во развој. Ако сакаме да не биде, и полесно да ја пребродиме ковид кризата, мораме суштински да пристапиме кон Руралниот развој и селскиот туризам, пред се како држава но и како најнеразвиениот регион, а тоа може да се направи преку одредени обуки на населението кои можат да нудат угостителски услуги како што се сместувачки капацитети, здрава храна и отварање на нови работни места, во руралните средини. Јас сум убеден дека имаме со што да се пофалиме во овој дел, но и што да понуди нашата традиционална кујна.

Како човек од сверата на екологијата, најмногу ме загрижуваат несовесните граѓани кои при посетата го оставаат отпадот позади нив и со тоа прават една грда слика на оваа прекрасна оаза, но не треба да ги заборавиме и најголемите загадувачи што ја нарушуваат флората и фауната во овој предел, а тоа се прочистителната станица за отпадни води која не работи со полн капацитет и реката Кумановка која носи разни отпадоци од градот и истата се влева на почетокот на Бислимската клисура во реката Пчиња.

Имаше ли обиди, проекти за развој на клисурата?

Уште како дете сум слушал разни приказни за Бислим, во кои се зборуваше за некој мистичен предел каде што живеат огромни орли, но имаше и приказни за некое сокриено богатство каде низ вековите многу луѓе пробале да го најдат.

За прв пат Бислимската клисура ја посетив пред околу 8 години заедно со професори и група на студенти од Природно математички факултет- од кабинетот за географија, каде што заедно со мои колеги од општината и неколку други ентузијасти организиравме една истражувачка експедиција. Искрено, до тогаш не верував дека такво нешто се наоѓа во непосредна близина на моето Куманово. При посетата, за жал сватив дека приказните што сум ги слушал имале смисол и мотив за прераскажување. Ретките орли кои живееле таму со векови, веќе се во изумирање и скоро да ги нема, а дивите копачи, си го направиле своето, уништиле поголем дел од нашето културно наследство. Тогаш решивме дека ова место треба да се заштити, и да се зачува природата и убавината која ја нуди за нас луѓето. Прво што направивме беше изготовка на СТУДИЈА ЗА ВАЛОРИЗАЦИЈА НА ПРИРОДНИ И КУЛТУРНИ ПОТЕНЦИЈАЛИ ВО БИСЛИМСКА КЛИСУРА ВО ФУНКЦИЈА НА ТУРИСТИЧКИ РАЗВОЈ СО ИДЕЈНО УРБАНИСТИЧКО РЕШЕНИЕ НА ПОТЕГ ОД 7 КМ ПО ТЕЧЕНИЕТО НА КЛИСУРАТА, која треба да ја имаат во предвид државните институции при креирање на сите други стратешки документи во оваа област.

Првиот проект, каде што бев проектен менаџер беше финансиран од страна на АФПЗРР и тоа за поставување на урбана опрема (информативни табли, клупи за одмор, видиковец со панорамски поглед и сл.) и трасирање и уредување на една пешачка стаза во должина од 2,5 километри во самиот кањон.

Следниот проект, кој како Општина Куманово го добивме беше продолжување на првиот, а тоа е доуредување на останатите 4,5 километри на пешачката стаза до крај на кањонот, но за жал средствата беа пренаменети од страна на тогашните локални власти, за реновирање на сала во поранешниот Комитет што во моментот ја користи Советот на Општината за состаноци. После ваквата одлука, многу луѓе околу мене беа разочарани и скептични за понатамошниот развој на овој локалитет, но бев сигурен дека само упорниот и добрата мисла може да ги надмине сите препреки и разочарувања. Почнав често да го посетувам Бислим, го истражував, се дружев со мештаните од околните села и го запознавав нивниот менталитет. Секогаш, секаде и пред секого, кога и да имав прилика да ја раскажам мојата приказната и визија за идниот Спортско рекреативен Еко центар Бислим, го правев тоа.

Во која насока беа насочени проектите, развој на еко туризам, адреналински спортови?

Проектите кои ги спроведував, во последните две години беа во областа на еко туризам, органско производство, промоција на традиционална храна, уредување на селски домаќинства кои ќе бидат атрактивни за посета и престој на туристи, креирање на нови здруженија кои би се занимавале со мото крос, планински велосипедизам, качување на карпи, кајак и други адреналински активности, но секако многу беше важно да не ги забораваме и невладините организации и институциите како факултетите за географија и билогија кои се занимаваат со истражувачка дејност во областа на флора и фауна. За да биде оваа приказна успешна мораме да работиме континуирано на јакнење на капацитети и подигање на јавна свест кај населението во областа на екологијата и чистата околина.

Конкретно, преку центарот за развој на североисточниот регион, беше проектот за валоризација на Бислимска клисура?

Споменатиот проект беше изготвен од страна на ЛАГ АБЕР 2015 како партнерска организација на Североисточниот плански регион. Здружението за рурален развој Локална Акциона Група АБЕР 2015, е доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение, формирано со слободно здружување, кое е иницијатор, двигател и креатор во мобилизирањето на локалните потенцијали преку организација, едукација и поддршка за подобрување на условите на живот и севкупен развој на руралната популација на територијата на општините Липково, Куманово и Старо Нагоричане. ЛАГ-от како правно лице има права, обврски и одговорности согласно Уставот на РМ ЛАГ-от е независно, самостојно, доброволно и непрофитно здружение во кое доброволно се здружени општините, правните и физичките лица. Работата на ЛАГ-от се заснова на добрата европска пракса. Како еден од основачите на оваа здружение и претставник на истото бев назначен за имплементација на овој проект.

Главни активности во овој проект беа набавка на спортска опрема и тоа: Велосипеди и Електрични велосипеди за планински велосипедизам, одбележување и доуредување на стази за велосипедизам, уредување и изградба на стази за спортско качување и виа-ферата, набавка на опрема за кајакарење и дополнителна опрема за кајакарење на лица со посебни потреби, набавка на мотори со четири тркала, изработка на мобилна апликација за сите значајни знаменитости и патеки за потреби на планинарите и истата ќе нуди дводневни и еднодневни  рути, спортските качувачи, мото рути, велосипедисти и аматерското планинарење прилагодено за лица со хендикеп.

Што е замислено како треба да се уреди просторот?

Целта за која се залагам преку оваа идеја е порастот на туризмот во Североисточниот плански регион. Локалните власти конечно мора да разберат дека во овој момент друга алтернатива за развој на туризам Општина Куманово нема, а со тоа ќе допринесеме и до рамномерен економски раст на овој регион во целина. Положбата и големината на просторот, конфигурацијата на теренот, при­род­ните услови и погодности, застапените содржини и вредности, Бислимска Клисура нуди услови за разновидни туристички активности, трекинг, излетнички туризам, селски туризам, маунтбајкинг, ловен и риболовен туризам, спелеолошки туризам, алпи­ни­зам, параглајдинг и други адреналински спортови. Некои од овие активности можат да бидат речиси целогодишни, доде­ка некои пак би имале сезонски карактер. Не би ви набројувал се, но би сакал да споделам со вас една активност која е предвидена во овој проект, а тоа е поставување на зип лајн. Зиплајн е туристичка атракција, која во последните десетина години станува се побарана и позастапена во Светот, во Европа, па и на Балканскиот Полуостров. Тоа е цврста, челична сајла (понекогаш 2 сајли заради подобра сигурност) која поврзува две блиски места на различна височина, така што овозможува спуштање од повисокото кон пониското место и претставува вистинско адреналинско доживување. Во поглед на потенцијална зип-линија, Бислимска Клисура не само што е доста погодна, туку со ваква содржина, ќе добие на атрактивност и дополнително ќе привлече значителен број туристи.

Според сето ова во наредниот период очекувам и пораст на сместувачки и угостителски капацитети, зголемен број на лица обучени и лиценцирани за водичи, зголемен број на спортски тренери, а самото тоа ќе допринесе зголеменост на  вработеноста и поголема можност за самовработување во сите три региони северо источниот регион, Вардарскиот и Скопскиот регион.

Како што веќе споменав, крајните корисници би биле сите ученици и студенти но и сите други љубители на природата, спортот, научните и образовните институции но пред се децата и младите од трите региона за нивен здрав и правилен развој, но и лицата со посебни потреби и пензионерите за нивна анимација. Како претставник од одделението за заштита на животна средина и природата при општина Куманово, и носител на годишната програма за животна средина за 2021 усвоена од страна на Советот, предвидовме одредени финансиски средства за валоризација на Бислимска клисура преку изготвување на урбанистички план кој во наредниот период би требало да го изготви Јавното претпријатие на урбанистичко планирање на општина Куманово. Со ова би се дало поголемо значење и контрола на просторот кој сакаме во иднина да го уредуваме.

Дали има заштитени видови животни, растенија

Растителниот и животинскиот свет играат мошне битна улога во сферата на сев­куп­ното живеење на човекот, а со самото тоа и во развојот на туризмот на определен прос­тор.

Флористичкиот диверзитет има огромно значење за развој на еден крај или ре­ги­он, а посебно за просторот околу речните корита, низините и планинските подрачја каде човекот нашол можност за неговата вековна егзистенција. За флористичкото богатство на Бислимската клисура најдобро зборува податокот дека на овој простор егзистираат преку 1100 растителни видови на виши растенија, сместени во повеќе од 90 фамилии и преку 400 рода, големо богатство на нижи растенија преку разновидни печурки кои можат да бидат користени во процесот на исхрана. Дека флористичкиот диверзитет е многу богат на овој простор, покажуваат теренските истражувања и податоците од литературата во кои се наведуваат голем број на ендемити и реликти. Сето тоа, овој простор го става во биолошки многу значајни подрачја, а со тоа и атрактивен за љубителите на природата кои имаат можност на лице место да ги видат и фотографираат разновидните растенија. Некои растенија што можете да ги сретнете се толку ретки каде што можете да ги сретнете само на уште едно или две места во светот како на пр. Astragalus haarbachii Sprun. (1849) – Харбахов козинец или Dianthus pinifolius Sibith. et Sm. (1809) – иглолистен каранфил и многу други.

м-р Драган Чунгурски

 

ShareTweetPin

Слични Posts

Живеењето на село предуслов за изложба на слики во галеријата Saatchi Art во Лос Анџелес – сликар Панче Горгиев
Интервју

Живеењето на село предуслов за изложба на слики во галеријата Saatchi Art во Лос Анџелес – сликар Панче Горгиев

април 12, 2021
Конзервацијата е уметност, состојба на духот и на умот. Предизвик за кој треба да поседуваш уметничка дарба и шесто сетило – Славица Тасева
Интервју

Конзервацијата е уметност, состојба на духот и на умот. Предизвик за кој треба да поседуваш уметничка дарба и шесто сетило – Славица Тасева

март 20, 2021
Првата Македонска социјалната мрежа – ruralmarket.net е креирана е да им помогне во пласманот на производите и услугите на многуте производители
Интервју

Првата Македонска социјалната мрежа – ruralmarket.net е креирана е да им помогне во пласманот на производите и услугите на многуте производители

март 16, 2021
Барон, македонскиот ладнокрвен коњ – љубимец во ергелата на Миле Трајковски
Интервју

Барон, македонскиот ладнокрвен коњ – љубимец во ергелата на Миле Трајковски

март 9, 2021
„Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров
Интервју

„Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

март 7, 2021
„Паметни села“ (Smart Villages) – нова концепција за развој на селото
Интервју

„Паметни села“ (Smart Villages) – нова концепција за развој на селото

март 6, 2021

Прочитајте

ПАТЕКАТА НА КЛУКАЈДРВЧЕТО

ПАТЕКАТА НА КЛУКАЈДРВЧЕТО

март 2, 2021
Скриена под три јавори на сред село во Колешино – чешма Даревица

Скриена под три јавори на сред село во Колешино – чешма Даревица

јуни 1, 2021
Необична идеја – Од автобус направила стакленик

Необична идеја – Од автобус направила стакленик

април 16, 2021

Популарно

  • „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барон, македонскиот ладнокрвен коњ – љубимец во ергелата на Миле Трајковски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Радожда – село што се допира до државната гранична линија и брегот на Охридското Езеро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од корењата на столетните стебла на чинарите (јавори) истекуваат 40 литри вода во секунда – Мокрински извори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато

Developed &Hosted by IGAL Group.

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • КАТЕГОРИИ
    • Приказни од селото
    • Природно богатство
    • Културно наследство
    • Селски туризам
    • Интервју
    • Успешни приказни
    • Останато
  • КОНТАКТ

Developed &Hosted by IGAL Group.