7 години произведува сирупи од глуварчиња, боров сируп, сокови од разни свежи овошја, и која неуморно создава нови вкусови од локалното овошје и билки кои ги нуди регионот на Беровo.
Ирена вели дека е веќе регистрирана во агенцијата за храна и ветеринарство и дека веќе може да ги продава своите производи како мал производител до врата.
Таа раскажува дека со ова се занимава веќе 7 години, а случајно започнува по мотивацијата која и ја пружат групите жени на социјалните мрежи. Започнала да произведува разни сирупи од глуварчиња, боров сируп, а подоцна започнува и со сокови од разни свежи овошја без додавање вештачки ароми, бои и конзерванси.
Таа вели дека постојано учи и дека сака постојано да експериментира. Од оваа година започнала и со производство на различни видови слатко, мармалад и џемови.
За билките вели дека ги собира сама со помош од нејзиниот маж, а и помагаат и нејзините деца и сета фамилија. Неодамна купиле куќа на крај на селото во кое што живеат и сега таму имаат во план да отворат своја сопствена работилница според Хасап систем.
На смеа вели дека кога работат со децата кои и се многу мали често нема ни време да ги фотографира додека работат.