- Мирисот на младото вино се нарекува арома, додека созреаните вина имаат поинаков мирис кој се нарекува “bouget” (буке).
- Во античка Грција домаќинот во својот дом ја пробувал првата чаша вино, за да им докаже на своите гости дека виното не е затруено, а оттаму доаѓа фразата “наздравје”. Наздравувањето со чаша вино започнало во антички Рим кога Римјаните ја продолжиле грчката традиција.
- Црвените вина се поцрвенуваат во процесот на ферментација, бидејќи при овој процес се извлекува бојата од лушпата на зрното грозје. Белите вина пак не се ферментираат со лушпата од грозјето.
- Во целиот Стар Завет на Библијата, само во книгата по Јона, не се спомнува виното.
- Најстарото шише вино на светот датира од 325 година п.н.е. и било пронајдено близу градот Спејер, Германија во два римски саркофази.
- Најновите медицински истражувања докажуваат дека умереното и континуирано пиење вино придонесува за намалување на ризикот од срцеви болести, Алцхајмерова болест, мозочен удар итн.
- Калифорнија, Њујорк и Флорида се водечки земји во конзумацијата на вино во САД.
- Калифорнија е четвртиот светски производител на вино веднаш после Франција, Италија и Шпанија.
- Дегустаторите на вино ја вртат чашата вино со цел виното да ги испушти сите свои ароми. Повеќето од нив не ја полнат чашата повеќе од една третина за да ги задржат аромите во чашата.
- Најчесто виното се служи во чаши кои се стеснуваат на врвот за да се задржат аромите од виното внатре во чашата. Колку е потенка чашата и врвот, толку подобро.
- Кога дегустирате вино, задржетеја голтката вино во устата неколку моменти и потоа или голтнете ја или исплукајте ја. Доколку е виното добро ќе ви остане вкус во устата кој ќе трае подолго, а доколку е виното просечно вкусот брзо ќе исчезне.
- Хамурабиевиот код соддржи регулатива со која сите измамници-продавачи на вино биле казнувани со смрт, односно биле давени во река.
- Римјаните откриле дека чувањето на виното во оловни садови не само што помагало да се зачува подолго време туку и му давало сладок вкус. Хроничното труење со олово често е наведувано како една од причините за падот на Рим.
- Викинзите ја нарекувале Америка “Винланд” ( wine-land) поради специфичните лозови насади кои ги пронашле таму во 1000 п.н.е.
- Виното кое има вкус на вода е нарекувано “разредено”. Виното е можно да има вакво вкус ако е произведено од грозје кое било набрано за време на дожд.
- Најверојатно најлошто место кадешто може да го чувате виното е во кујната бидејќи најчесто во кујната е претопло за чување вино. Виното не би требало да го чувате ниту во фрижидер бидејќи таму е преладно за тоа.
- Кога виното и храната се комбинираат тие произведуваат трет вкус кој е различен од виното и храната кои ги конзумирате во тој момент.
- Побогати и потешки јадења најчесто одат добро со потешки вина; лесни јадења одат добро со лесни вина. Црвените вина најчесто се служат со црвено месо, белите вина се служат со бело месо и риба, додека слатките вина со десерти.
- Традиционално при оброк најпрво се служат лесни вина, а потоа се преминува на потешки вина. Белото вино се служи пред црвеното вино, помладото вино пред постарото и сувите вина пред слатките.
- Температурата на која се служат белите вина треба да биде пониска од таа на која се служат црвените вина.
- За време на прохибицијата во раните дваесети година на 20 век, имало иницијативи да се отстрани зборот “вино” од сите школи и сите учебници, што ja вклучувало и литературата од античка Грција и Рим.
- Не постои правилен и неправилен начин да држите чаша вино. Винските чаши треба да се држат за долниот дел на чашата, а не за садот, бидејќи температурата на телото преку раката ја зголемува температурата на виното во чашата.
- Шампањот, едно од најдобрите пенливи вина на светот, погрешно се смета дека е пронајдено и произведено од монахот Dom Pierre Perignon ( 1638-1715). Тој иако не го пронашол шампањот, ги претставил некои од најважните процеси во неговото производство кои се валидни и денес.
- Кога гробницата на Тутанкамон била отворена во 1922, садовите со вино кои биле пронајдени во неа биле обележани со годината на производство, производителот и коментари од типот на “многу добро вино”. Етикетите на виното биле многу слични на етикетите кои се во употреба денес.
- Од еден тон грозје се произведуаат околу 60 пакети вино или 720 шишиња. Едно шише вино соддржи околу 1 килограм грозје. macedoniawinetourism.blogspot.com