• Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
четврток, јули 10, 2025
No Result
View All Result
Абер дојде
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
No Result
View All Result
Абер дојде
No Result
View All Result
Дома Природно богатство

За моќта на некогашниот вулкан, сведочат крупните блокови од распаднати вулкански карпи – Буковик

април 19, 2021
За моќта на некогашниот вулкан, сведочат крупните блокови од распаднати вулкански карпи – Буковик

Буковик (Орловец, 1723 m) е мало планинско возвишение, кое се издвојува на западната страна на планината Влаина. Просторно се протега североисточно од Пехчево, помеѓу Пехчевска Река и изворишниот дел на Желевица. Без оглед на малите димензии што ги има, по одредени морфогенетски особености, Буковик може да се смета за одделна микро-планина од палеовулкански тип. Всушност, како посебна планина ја смета и локалното население. Релјефно, Буковик претставува единствената маркантна вулканска купа во Сасо-Торани­чко-Пехчевската палеовулканска област и во овој краен источен дел на Република Македонија. Пречникот на оваа мала вулканска планина е околу 3,5 km, површината 12,8 km2, а релативната височина 600-700 m. На исток од овој врв, преку плитко седло, Буковик се поврзува со билото на Влаина и нејзиниот највисок врв Кадиица (1932 m). Јужните и северните падини (кон долините на Пехчевска Река и Желевица) се доста стрмни, додека западните постепено паѓаат кон долината на Негревска Река.

Без оглед на близината до градот Пехчево, како и на повеќето телекомуникациски уреди на врвот, до повисоките делови на Буковик води релативно лош макадамски пат погоден само за типично теренско возило (со добри теренски гуми). Донекаде, тоа можеби е и добро заради помало антропогено загрозување на планината, иако највисоките предели се мошне атрактивни за излети, прошетки, или како „станица“ за искачување на врвот Кадиица. Затоа пак, доколку се има доволно време, со планински велосипед ќе треба само 2 часа, а пеш – со планинарење, околу 5-6 часа во двете насоки. Попатно, може да се ужива во преубавите природни пејсажи, да се посети локалитетот Јудови Ливади на кои вирее растението муволовка, или пак да се помине покрај интересната карпеста појава Вртена Скала.

Најатрактивен дел на Буковик е оној над 1500 метри, особено на врвот Орловец (1723 m) кој има одлики на карпест вулкански нек. Овде има крупни блокови од распаднати вулкански карпи (кварцлатити), кои на неколку места преминуваат во сипари и мориња од карпи. Сите тие сведочат за моќта на некогашниот вулкан, чии ерупции завршиле пред десетина милиони години. Поради густата букова шума (од каде и името на планината), само на неколку места околу врвот, се отвора широк, но мошне убав панорамски видик. Највпечатлив е панорамскиот видик над големиот сипар на јужната страна, од каде се протега извонредна глетка кон долините на Пехчевска Река, извориштето на Брегалница, јужниот дел на Влаина и кон Ченгино Кале. Убав видик има и на источната страна, кон највисокиот дел на Влаина и врвот Кадиица, но и на запад, од каде во претпладневните часови и при ведро време, одлично се гледаат градот Пехчево и поширокиот простор.

Заради височината и шумовитоста, воздухот во високиот дел на Буковик е свеж, чист и со благопријатен ефект. Преку лето, температурите овде се за 4-5 степени пониски од оние во Пехчево, така што за време на високи температури во градот, овде има можност за природно разладување. На падините пак, има бројни извори и потоци, чија вода стрмно се спушта кон Пехчевска Река, на некои места преку брзаци и помали водопади. Најголем број извори, поради геолошкиот состав во подлогата, се средно-до силно минерални, а меѓу нив посебно интересен е изворот „Смрдлива Вода“. Имено, водата од овој извор има изразито специфична миризба, жолтеникаво-црвенкаста боја, а вкусот е кисело горчлив, најверојатно како резултат што поминува низ разни железни руди со кои изобилува Буковик. Се користела, а и денес се користи за лекување на стомачни заболувања. Освен густа букова шума, на Буковик има разновидна вегетација со ретки, па и ендемични видови, разни лековити растенија, шумски плодови и др. Посебна уникатност е појавата на растението муволовка во западното подножје на Буковик, во месноста Јудови Ливади. На тресетиштата и влажните ливади се развива инсектојадното растение Drosera Rotundifolia. Инсектите се привлечени од црвената боја на растението и светлечките капки желатинозна материја која ја излачува. Понатаму со помош на своите ензими ги разложува прилепените инсекти, користејќи ги од нив хранливите материи кои му недостасуваат. Планината е богата и со животински свет, без оглед на силното антропогено влијание.

Се на се, покрај Ченгино Кале и источниот дел на Малешевски Планини, потоа јужните ограноци на Влаина, изворишниот дел на Брегалница и Пехчевските водопади, Буковик е уште една значајна природна атрактивност на Пехчево која има голем, но засега слабо искористен туристички потенцијал.

Во меѓувреме, искористете го пријатното летно време, прошетајте и уживајте во густите шуми и убавини на вулканската купа Буковик.

Автор: д-р Ивица Милевски

ShareTweetPin

Слични Posts

Животински биодиверзитет во Моноспитовско блато
Природно богатство

Животински биодиверзитет во Моноспитовско блато

август 15, 2024
Студија за ревитализација на Моноспитовско блато
Природно богатство

Студија за ревитализација на Моноспитовско блато

август 15, 2024
Растителен диверзитет во Моноспитовско блато
Природно богатство

Растителен диверзитет во Моноспитовско блато

февруари 16, 2024
Бислимската клисура, нов предизвик за адреналиски спортови
Природно богатство

Бислимската клисура, нов предизвик за адреналиски спортови

март 28, 2022
Камените столбови („цуцки“) во „Долината на плодноста“ кај Конопиште
Природно богатство

Камените столбови („цуцки“) во „Долината на плодноста“ кај Конопиште

јуни 11, 2021
Лековити билки – Берење, сушење и складирање
Природно богатство

Лековити билки – Берење, сушење и складирање

јуни 9, 2021

Прочитајте

Барон, македонскиот ладнокрвен коњ – љубимец во ергелата на Миле Трајковски

Барон, македонскиот ладнокрвен коњ – љубимец во ергелата на Миле Трајковски

март 9, 2021
Постои од 1626 година, а во него најстарата трикорабна христијанска базилика во Македонија – село Туденце

Постои од 1626 година, а во него најстарата трикорабна христијанска базилика во Македонија – село Туденце

април 19, 2021
Царска есенската идила и живописна природа – село Ореше

Царска есенската идила и живописна природа – село Ореше

декември 22, 2021

Популарно

  • Коњско опавче – билка која е вистински дар од природата, помага во лекување на бубрези, цисти, зглобови и бели дробови

    Коњско опавче – билка која е вистински дар од природата, помага во лекување на бубрези, цисти, зглобови и бели дробови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бозелот помага во лекување на ракот, но ја лечи и кашлицата: еве како се приготвува чајот, сокот и лековитиот мед

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Радожда – село што се допира до државната гранична линија и брегот на Охридското Езеро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато

Developed &Hosted by IGAL Group.

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • КАТЕГОРИИ
    • Приказни од селото
    • Природно богатство
    • Културно наследство
    • Селски туризам
    • Интервју
    • Успешни приказни
    • Останато
  • КОНТАКТ

Developed &Hosted by IGAL Group.