• Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
недела, јуни 29, 2025
No Result
View All Result
Абер дојде
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
No Result
View All Result
Абер дојде
No Result
View All Result
Дома Природно богатство

Езерото Градче и неговите атрактивности

март 22, 2021
Езерото Градче и неговите атрактивности

Вештачкото езеро „Градче“ е сместено во подножјето на Осоговските Планини во извонредно живописна клисура, со мошне атрактивна околина и се наоѓа на околу 6 km северно од градот Кочани. Ова место е полн погодок кога се работи за одмор и пронаоѓање на мир и спокој од секојдневната градска бучава и напорен живот кој е составен дел од секојдневието.

Шест километри возење низ природата северно од градот на оризот ве делат од малиот рај на земјата. Овој предел, со оглед на фактот што е далеку од градот се карактеризира со мир, свеж воздух и прекрасна природа. Во околината на езерото постојат над 30 природни извори на вода.

Интересен податок е што на територијата на сегашното вештачко езеро, некаде пред педесетина години се наоѓало селото Долно Градче, но тогашните власти со цел да го заштитат Кочани од постојаните поплави од надојдените води од Осоговијата решиле да изградат брана на местото наречено „Рамна карпа“ кое се наоѓало веднаш под селото и било идеално.

Сите жители на селото биле раселени, некои во околните села, некои во градот Кочани. Во близина на браната се наоѓа и археолошкиот локалитет „Долно Градиште“, за кој археолозите наведуваат дека градбите во склоп на наоѓалиштето водат потекло од времето на Пајонија и Македонија од времето на Филип Втори. На самиот мост на браната се наоѓа споменик – плоча во чест на изградба на браната. Со мостот лесно се преминува од едниот на другиот брег.

Езерото Градче е создадено во 1959 година, по изградбата на армирано-бетонска брана висока 32 m, со која е преградена Кочанска Река. Езерото при максимално ниво (кота од 467 m н.в.) е долго 1.2 km, широко 0.2 km, а должината на бреговата линија изнесува околу 3.5 km. Површината на водното огледало, просечно изнесува 0.19 km2, максималната длабочина е 29 m, а зафатнината на акумулираната вода од 2.4 милиони метри кубни. Водата од езерото се користи за водоснабдување на градот Кочани, а во помал дел и за наводнување на Кочанско Поле.

Инаку, самото езеро исполнува дел од долината на Кочанска Река на влевот на Мала во Голема Река, простор кој е геоморфолошки многу интересен. На мостот на брана Гратче постои споменик-плоча во чест на изградбата на браната. Постојат и други интересни знаменитости, како изворот на Боро лимонадџијата, кој пред 30 години речиси секоја ноќ во летните денови одел до Царев Врв за набавка на снег за ладење на лимонадата.

Исто така, интересен е „Големиот Водопад“ висок 12-тина метри, кој всушност настанал како резултат на човечка градба. Имено, во 1958 година била изградена помошна брана од камени блокови чија функција била да спречи нагло надоаѓање на вода кон местото „Рамна скала“, каде што се градела денешната брана. Од надојдените гранки, камења и земја, помошната брана почнала да се полни со почва, па така со текот на годините се создал прекрасен водопад со висина од дванаесеттина метри од водите на Голема река, од каде овие води се слеваат во вештачкото езеро. 

Водопадот е оддалечен од хотелот Градче нешто повеќе од 1 km, но со следење на патоказите поставени на патот кој води до водопадот, лесно се стигнува до него. Со оглед на близината до градот, поврзаноста со асфалтен пат (кој, сепак, не е во соодветна состојба) и прекрасната природа, Градче претставува одличен туристички локалитет. Има многу места што можат да се видат во околината на езерото Гратче.

Интересно е дека самото езеро може да се заобиколи по планинарските пешачки патеки, со оглед на тоа што брегот има должина од само 3,5 km. Повисоко на планината има видиковец, близу до езерото се наоѓаат водопади и патека до споменикот „Мактеон“. Од другата страна, може да се посети и црквата Св. Пантелејмон, додека на северната страна од езерото се наоѓа археолошкиот локалитет „Долно Градиште“.

Во функција на посетителите, на западниот брег на езерото се наоѓа хотелот „Градче“ кој има прекрасен поглед на езерото и на природата околу него, а близу хотелот, на самата брана на вештачкото езеро се наоѓа и стариот мотел со прекрасна тараса која е само неколку метри над нивото на водата.

Извор: www.vodopadikocani.mk

Подготвил: д-р Ивица Милевски

ShareTweetPin

Слични Posts

Животински биодиверзитет во Моноспитовско блато
Природно богатство

Животински биодиверзитет во Моноспитовско блато

август 15, 2024
Студија за ревитализација на Моноспитовско блато
Природно богатство

Студија за ревитализација на Моноспитовско блато

август 15, 2024
Растителен диверзитет во Моноспитовско блато
Природно богатство

Растителен диверзитет во Моноспитовско блато

февруари 16, 2024
Бислимската клисура, нов предизвик за адреналиски спортови
Природно богатство

Бислимската клисура, нов предизвик за адреналиски спортови

март 28, 2022
Камените столбови („цуцки“) во „Долината на плодноста“ кај Конопиште
Природно богатство

Камените столбови („цуцки“) во „Долината на плодноста“ кај Конопиште

јуни 11, 2021
Лековити билки – Берење, сушење и складирање
Природно богатство

Лековити билки – Берење, сушење и складирање

јуни 9, 2021

Прочитајте

Остров во море од папрат – Сте слушнале ли досега за селото Папрадиште?

Остров во море од папрат – Сте слушнале ли досега за селото Папрадиште?

мај 6, 2021
Копаничарството – уметност со долга традиција и сведоштво за македонската култура

Копаничарството – уметност со долга традиција и сведоштво за македонската култура

март 15, 2021
Патуваме низ Македонија за да учиме лекции и да ги раскажеме на другите

Патуваме низ Македонија за да учиме лекции и да ги раскажеме на другите

март 2, 2021

Популарно

  • Коњско опавче – билка која е вистински дар од природата, помага во лекување на бубрези, цисти, зглобови и бели дробови

    Коњско опавче – билка која е вистински дар од природата, помага во лекување на бубрези, цисти, зглобови и бели дробови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бозелот помага во лекување на ракот, но ја лечи и кашлицата: еве како се приготвува чајот, сокот и лековитиот мед

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Радожда – село што се допира до државната гранична линија и брегот на Охридското Езеро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато

Developed &Hosted by IGAL Group.

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • КАТЕГОРИИ
    • Приказни од селото
    • Природно богатство
    • Културно наследство
    • Селски туризам
    • Интервју
    • Успешни приказни
    • Останато
  • КОНТАКТ

Developed &Hosted by IGAL Group.