Работниот час на четириесет и едногодишната гевгеличанка Снежана Танева и почнува на изгрејсонце, а завршува кога сонцето ќе зајде. Таа работи ндвор на секакви временски прилики и неприлики. Сепак, кога работата го бара тоа, со леснотија се претвара во деловна жена, па луѓето се сомневаат цо вистинитоста на нејзините зборови кога ќе каже со што се занимава. Снежана веќе две децении заработува за живот од овчарство. Пораснала на фарма. Одгледувањето овци е она што најдобро го знаеи умее, а и добро и се познати и нејзините права, па си ги бара од институциите. Таа ги руши стереотипити и својата инспиративна приказна ја раскажува за ММС, на денот кога ширум светот се слави женскиот борбен дух.
Работам во село Мрзенци, каде и пораснав, а живеам во Гевгелија. Денот ми почнува околу 5 и 30 часот со молзење на овците. Така ми почнува секој ден. Сега поради пандемијата децата ми се дома и наставата ја следат преку компјутер, но пред да се појави коронавирусот ги носев на училиште, па пак се враќав во селото.
Ми се случувало во еден ден да патувам четири до пет пати. Животот е тежок. Таа била најмалото дете во фамилијата, а со своите брат и сестра пораснале со животинките на татковата фарма.
Таа признава дека порани и било срам да каже што работи, но со тек на време почнала повеќе да си ја цени работата, а и да се почитува самата себе.
„Сакам да имам голема фарма, но тоа зависи од многу фактори, а не само од мене. Мое е да се борам тоа да го добијам„ – завршува Снежана Танева од Мрзенци,
Вања Мицевска
mms.mk