• Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
недела, април 2, 2023
No Result
View All Result
Абер дојде
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
No Result
View All Result
Абер дојде
No Result
View All Result
Дома Културно наследство

Добро Поле – локација до која води планински пат кој е прооден единствено со теренски возила

март 19, 2021
Добро Поле – локација до која води планински пат кој е прооден единствено со теренски возила

Добро Поле е локација на границата помеѓу Македонија и Грција и местото каде се случил пробојот на Македонскиот фронт за време на Првата светска војна.

Нападот започнал на 14 Септември 1918 година со артилериско бомбардирање на неколку позиции, по што на 15 Септември во 05.30 ч. следел и нападот на пешадијата. На страната на Сојузничките сили во првиот ред биле 122 Француска пешадиска дивизија, 17 Француска пешадиска колонијална дивизија и Српската Шумадиска дивизија, а во вториот ред биле две Српски дивизии Тимочка и Југословенска.

Dobro Pole, Municipality of Novaci, Macedonia

Бугарите го издржале тешкото бомбардирање, па така Добро Поле морало да биде освоено од пешадијата. Српските војски полека се пробивале по стрмните падини и што повеќе се приближувале, толку повеќе зачестувале Бугарските контранапади.

Со употреба на пламенофрлачи, биле уништени Бугарските митралески гнезда и по осум часовна борба, Бугарската линија била пробиена.

Dobro Pole, Municipality of Novaci, Macedonia

Веќе два дена од почетокот на борбите, одбранбените позиции на Бугарите и Германците на овој простор биле пробиени 25 км во широчина и  10 км во длабочина. Командантот на 11. германска армија, наредил повлекување на германските и бугарските единици на линијата кај село Полчиште.

Десет дена по пробојот на Добро Поле војските на Антантата го зазеле Градско, главниот комуникациски центар на Централните сили, по што се прекинала комуникацијата помеѓу Германската команда и Бугарската војска.

На 29-ти септември, сојузниците влегле во Скопје и веќе биле на државните граници на Бугарија. Уплашена да не биде окупирана од Сојузниците, бугарска делегација на 29 септември 1918 г. во Солун потпишала примирје со кое борбените дејства меѓу Бугарија и Сојузниците престанале на 30 септември 1918 година.

Co потпишувањето на примирјето престанале сите борбени дејства на просторите на Македонскиот фронт.

Во 1938 година делегација предводена од Louis Cordier го ангажира скулпторот Marcel Ganguilhem – војник кој ја изгубил својата десна рака при борбите во близина на Добро Поле, да изработи бронзен споменик кој заедно со Српските власти на 19. Септември 1938 бил поставен на Добро Поле, на месноста која денес кај локалното население е позната како „Бронзена рака“. Споменикот покасно изчезнал, но денес јасно се видливи трагите на карпата на која бил поставен.

Како до локацијата:

Добро Поле е локација на границата помеѓу Македонија и Грција, во регионот Мариово кој е воедно и најретко населен регион во Р. Македонија. До локацијата води планински пат кој е прооден единствено со теренски возила во летните месеци. До самата локација каде е карпата на која бил поставен споменикот и од каде се гледа Добро Поле кое всушност е на страната на Република Грција, се стигнува единствено пеш по патека која моментално не е обележана. Посетителите може лесно да се загубат или пак да залутаат на страната на Република Грција доколку не се придружувани од планинарски водич.

domasno.mk

ShareTweetPin

Слични Posts

На денешниот празник водите на овој извор во Македонија се сметаат за нajлековити
Културно наследство

На денешниот празник водите на овој извор во Македонија се сметаат за нajлековити

јуни 3, 2021
Виното во Македонија
Културно наследство

Виното во Македонија

мај 31, 2021
Во домот на водниот змеј – Плачковица
Културно наследство

Во домот на водниот змеј – Плачковица

мај 10, 2021
Виното тоа е живот
Културно наследство

Виното тоа е живот

мај 8, 2021
Радовишки марифети: ТАТЛИЈА
Културно наследство

Радовишки марифети: ТАТЛИЈА

мај 2, 2021
Манастир Св. Ѓорѓи – место за душевен одмор на Валандовчани!
Културно наследство

Манастир Св. Ѓорѓи – место за душевен одмор на Валандовчани!

мај 1, 2021

Прочитајте

Болдеринг меѓу старите манастири во Македонија

Болдеринг меѓу старите манастири во Македонија

април 20, 2021
Маркови Кули – дел од светското наследство од Македонија

Маркови Кули – дел од светското наследство од Македонија

март 28, 2021
ОРГАНСКА ФАРМА – Рурална кохезија за зголемен потенцијал на руралниот туризам и одржлив економски рурален развој

ОРГАНСКА ФАРМА – Рурална кохезија за зголемен потенцијал на руралниот туризам и одржлив економски рурален развој

март 17, 2021

Популарно

  • „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Радожда – село што се допира до државната гранична линија и брегот на Охридското Езеро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барон, македонскиот ладнокрвен коњ – љубимец во ергелата на Миле Трајковски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од корењата на столетните стебла на чинарите (јавори) истекуваат 40 литри вода во секунда – Мокрински извори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато

Developed &Hosted by IGAL Group.

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • КАТЕГОРИИ
    • Приказни од селото
    • Природно богатство
    • Културно наследство
    • Селски туризам
    • Интервју
    • Успешни приказни
    • Останато
  • КОНТАКТ

Developed &Hosted by IGAL Group.