• Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
понеделник, јуни 5, 2023
No Result
View All Result
Абер дојде
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
No Result
View All Result
Абер дојде
No Result
View All Result
Дома Културно наследство

Во домот на водниот змеј – Плачковица

мај 10, 2021
Во домот на водниот змеј – Плачковица

Некогаш одамна во времето на Пајонските кралеви во реката Брегалница живеел воден змеј, налик на оние кинеските, кој го бранел Светиот град. Но, со време, нивото на водата во реката се намалило, па змејот се повлекол во утробата на Плачковица, чекајки водата пак да надојде и тој повторно да завладее со неговото  водно кралство.

Речиси сите легенди за овој крај зборуваат за водите и таканаречениот Свет град на планината Плачковица. Во него живеела жена која имала моќ да лекува.

Легендата вели дека Филип II, таткото на идниот крал на Македонците Александар, го донел кај неа бебето Александар за да го излекува од нападите на плач со кои ги измачувало сите дворјани. 

Таа го зела детето во раце и рекла дека е сосема здраво, а плаче поради тоа што поседува огромна енергија од која се ослободува на тој начин. Mу предвидела дека ќе стане крал на светот и ќе ја надмине славата на татко му. 

Филип II и Kралот Липиј кому Светиот Град му бил престолнина, од радост и олеснување се расплакале. Нивниот плач ѝ го донел името на планината Плачковица.

Плачковица има три кањони: Камник, Козјак и Зрновка со високи карпи, реки, водопади, преслапи. Реките на северната страна имаат длабоки долини и голем надолжен пад. Така на Зрновска Река има повеќе брзаци, водопади и џиновски лонци.

За многумина кањонот Камник со својата убавина претставува Колорадо во мало. До сите кањони е обезбедена потребна инфраструктура за непречено движење (маркации, билборди, патокази, сајли, ферети и место за одмор).

Планината Плачковица има бројни пештери, од кои само пет се испитани и достапни за посетители. 

Најголема е таканаречената  „Големата пештера”, испитана во должина од 600 метри. Таа претставува вистински бисер со своите пештерски украси и е постојан предизвик за спелеолозите. Ќуп, Ајдучка, Туртел и Понор се помали но се лесно достапни за посетителите. До нив водат маркирани патеки.

Токму овде на Плачковица е планирана изградба на Првата македонска астрономска обсерваторија. Во срцето на планината, oбсерваторијата ќе биде поставена на 1.400 метри надморска височина. Освен за научноистражувачки и едукативни цели се предвидува да биде и атрактивна туристичка дестинација.

Во селата на оваа питома и пребогата со вода планина живее народ кој себе се нарекува „Јуруци”. Јуруците потекнуваат од турската област Конија. Во Македонија и на Балканот доаѓаат во 14 и 15 век со освојувачките походи на Османлиите. 

Јуруците, како сточари биле задолжени за обезбедување храна за војската. Всушност биле некој вид на интенданти. Со време се населиле во високите планински предели и до ден останувајќи ѝ верни на традицијата.

Јуручките жени и до ден-денес секојдневно ги носат живописните носии во живи бои и се активни чувари на традицијата. Интересен е податокот дека предците на Кемал Ататурк – основачот на современа Турција биле Јуруци. 

Излетот на Плачковица секако завршете го во Виница. Овде велат во минатото, во недостиг на вода куќите се ѕидале со – Вино! Ова идилично градче е познато по Теракотните икони пронајдени на Виничкото кале.

Илустрираат библиjски текстови и напишани се на Латински. Секоја има крст. Датираат од крајот на VI до крајот на VII век. По содржина се слични на оние најдени во Тунис кои се од V и VI век и претставуваат еден од најексклузивните наоди на Македонската археологија.

istrazijamakedonija.com.mk

ShareTweetPin

Слични Posts

На денешниот празник водите на овој извор во Македонија се сметаат за нajлековити
Културно наследство

На денешниот празник водите на овој извор во Македонија се сметаат за нajлековити

јуни 3, 2021
Виното во Македонија
Културно наследство

Виното во Македонија

мај 31, 2021
Виното тоа е живот
Културно наследство

Виното тоа е живот

мај 8, 2021
Радовишки марифети: ТАТЛИЈА
Културно наследство

Радовишки марифети: ТАТЛИЈА

мај 2, 2021
Манастир Св. Ѓорѓи – место за душевен одмор на Валандовчани!
Културно наследство

Манастир Св. Ѓорѓи – место за душевен одмор на Валандовчани!

мај 1, 2021
Што е вински туризам?
Културно наследство

Што е вински туризам?

април 23, 2021

Прочитајте

ПАТЕКАТА НА КЛУКАЈДРВЧЕТО

ПАТЕКАТА НА КЛУКАЈДРВЧЕТО

март 2, 2021
Дали одгледувањето храна треба да биде дел од образовниот систем на децата?

Дали одгледувањето храна треба да биде дел од образовниот систем на децата?

април 6, 2021
Крстот на Побиен Камен (Од енигма до реалност)

Крстот на Побиен Камен (Од енигма до реалност)

март 18, 2021

Популарно

  • „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Радожда – село што се допира до државната гранична линија и брегот на Охридското Езеро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барон, македонскиот ладнокрвен коњ – љубимец во ергелата на Миле Трајковски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Одведете ги вашите деца во селото Кожле!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато

Developed &Hosted by IGAL Group.

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • КАТЕГОРИИ
    • Приказни од селото
    • Природно богатство
    • Културно наследство
    • Селски туризам
    • Интервју
    • Успешни приказни
    • Останато
  • КОНТАКТ

Developed &Hosted by IGAL Group.