ЗПОХ „Биовита“- Кавадарци континуирано ги вклучува своите членови во различни обуки и работилници, со цел да ги зголеми нивните капацитети и знаења, како и да обезбеди транспарентност при работењето и ширењето на визијата на здружението за здрав, квалитетен и добар живот во здрава животна средина и животот на село.
- Здружението на производители на органска храна „Биовита“- Кавадарци во август, 2019 год. организираше посета на Инкубаторот „Витач“ со децата од „Мал Групен Дом“ – Кавадарци, со цел да ги прошират нивните секојдневни активности. Штитениците и воспитувачките се запознаа подетално со органското производство на терен, за првпат остварија контакт со пчелите и видоа како изгледа едно пчелно друштво.
- Имплементација на осум месечниот проект „Инкубатор за органско пчеларство – ВИТАЧ” кој се спроведуваше во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD). Општата цел на проектот беше спречување на иселувањето и заживување на руралните средини преку зголемување на бројот на жени и млади лица кои основаат нови пчеларници според принципите на органското пчеларство.Според принципите за органско пчеларење беа обучени 15 лица (пчеларки/пчелари) од кои 11 добија Сертификат за органско пчеларење. 13 лица од целната група станаа сопственици на по две млади пчелни семејства како производ на роидбеноста на пчелите. За времетраењето на проектот повеќе од 200 лица се информираа за значењето на тремниот ,,органско“ производство, како и нормите и правилата за негова примена во земјоделството.
- Учествo на настан „Ден на граѓанските организации“, каде ја искористи можноста за да спроведе анкета на тема ,,Што знаете за органското производство?“. По изврешената анализа на добиените одговори од анкетата, беше донесен заклучок дека е потребно да се спорведуваат кампањи и тоа многу почесто на темата органско производство, со што би се влијаело на свеста кај потрошувачот за заштита на животната средина.
- Работилница со средношколци од гимназијата Јосип Броз Тито – Скопје. Горан Колев од здруженито „Биовита“ ја презентираше разликата помеѓу органскиот начин на прозводство и конвенционалниот. Младите ентузијастки и ентузијасти преведуваа текстови од Википедија поврзани со органското производство воопшто, на македонски јазик, па сега може да се прочитаат 7 нови статии на тема органско производство: органски риби, органска облека, органска необработена земја, органски грав, климатските промени и земјоделието, органска хортикултура и шема за зеленчукова органска кошница.
- Групна посета за 15 жени земјоделки од Косово, членки на Фондацијата “ Gratë Fermere – Suharekë”, во Тиквешијата, каде посетија четири рурални жени кои се занимаваат со земјоделство и преработка на земјоделски производи, дел од нив се органски производителки. Беа посетени: Нада Маринковиќ во с. Градско, со преработувачки капацитет на пчелни производи, Весна Јаневска од с. Росоман, која се занимава со одгледување и преработка на зеленчук и овошје на традиционален начин, Љубица Митревска од Кавадарци која се занимава со производство на гроздов сируп т.н Маџун, како и компанијата Еко-Груп со преработувачки капацитет за преработка и производство на органски вегански производи. Целта на посетата беше размена на искуства со жени земјоделки од регионот на Тиквешијата, при што жените земјоделки активни членки на Фондацијата од Сува Река имаа можност да слушнат за предизциците, активностите и одлуките на руралните жени во нашата земја.
- Промоција на производите на своите членови на настанот „Дегустација на овогодинешните врвни млади вина на членовите од здружението «Тиквешки Семејни Винарии» и учесниците на натпреварот на «Младо Вино 2019». E-Билтен бр.19 на МРР aberdojde.mk