• Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
недела, април 2, 2023
No Result
View All Result
Абер дојде
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
No Result
View All Result
Абер дојде
No Result
View All Result
Дома Културно наследство

Библиотека која е резултат на тривековна колекционерска работа.Печатот е дизајниран од Петре М. Андреевски и Иво Андриќ, а изработен во полускапоцен камен во Пекинг

март 24, 2021
Библиотека која е резултат на тривековна колекционерска работа.Печатот е дизајниран од Петре М. Андреевски и Иво Андриќ, а изработен во полускапоцен камен во Пекинг

Во демирхсарското село Бабино се наоѓа единствената приватна библиотека “АЛ БИ” со богат и раритетен библиотечен фонд од над 15 000 книги. Библиотеката е основана 1882 година, и во нејзиното тривековно постоење во неа може да се најдат ретки и уникатни книги, од кои најстарата е Арапски речник од 1307 година.

Во неа се чуваат и се изложени првиот број на Македонскиот правопис, примерок од првото издание на македонскиот Буквар, првото издание на весникот „Нова Македонија“ отпечатен во селото Горно Врановци и првиот примерок од книгата на Ванчо Николески, „Волшебното самарче“.

Во библиотеката се наоѓа и зборникот на народни песни на браќата Миладиновци отпечатен во 1891 година. Се среќаваат книги и весници, списанија и публикации, географски карти и звучни записи, албуми и дијапозитиви, и ниеден материјал нема идеолошка, политичка или верска конотација.

Библиотеката е сопственост на Стево Степановски, кој во оваа стара куќа – двокатница изградена од камен, освен библиотеката има и етно-соба со етнолошка поставка од над 120 предмети од демирхисарско поднебје со значајна естетска и музејска вредност. Во библиотеката има македонска соба и читалница, а дворот на библиотеката има амфитеатар за културни манифестации. 

 Библиотеката “АЛ БИ” има свој печат на кој е напишано името на библиотеката и на сопственикот Стево Степановски, изработен во полускапоцен камен во Пекинг во 1973 година, а лично го дизајнирале и го нарачале Петре М. Андреевски и Иво Андриќ.

 Иако се смета за најмалата библиотека на светот, за нашата земја оваа библиотека е најголемиот доказ за македонскиот културен топос. Оваа библиотека е резултат на тривековна колекционерска работа, која е достојна за почит и внимание.

 Посетата на библиотеката е наша поддршка на културата и нејзина промоција како симбол на културната традиција.

 https://domasno.mk/

ShareTweetPin

Слични Posts

На денешниот празник водите на овој извор во Македонија се сметаат за нajлековити
Културно наследство

На денешниот празник водите на овој извор во Македонија се сметаат за нajлековити

јуни 3, 2021
Виното во Македонија
Културно наследство

Виното во Македонија

мај 31, 2021
Во домот на водниот змеј – Плачковица
Културно наследство

Во домот на водниот змеј – Плачковица

мај 10, 2021
Виното тоа е живот
Културно наследство

Виното тоа е живот

мај 8, 2021
Радовишки марифети: ТАТЛИЈА
Културно наследство

Радовишки марифети: ТАТЛИЈА

мај 2, 2021
Манастир Св. Ѓорѓи – место за душевен одмор на Валандовчани!
Културно наследство

Манастир Св. Ѓорѓи – место за душевен одмор на Валандовчани!

мај 1, 2021

Прочитајте

Пролетна акција под мотото „Мисли глобално, делувај локално“ во Делчево

Пролетна акција под мотото „Мисли глобално, делувај локално“ во Делчево

март 22, 2021
Радожда – село што се допира до државната гранична линија и брегот на Охридското Езеро

Радожда – село што се допира до државната гранична линија и брегот на Охридското Езеро

март 18, 2021
Кањон Камник – природна атракција во близина на Штип!

Кањон Камник – природна атракција во близина на Штип!

март 15, 2021

Популарно

  • „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Радожда – село што се допира до државната гранична линија и брегот на Охридското Езеро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барон, македонскиот ладнокрвен коњ – љубимец во ергелата на Миле Трајковски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од корењата на столетните стебла на чинарите (јавори) истекуваат 40 литри вода во секунда – Мокрински извори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато

Developed &Hosted by IGAL Group.

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • КАТЕГОРИИ
    • Приказни од селото
    • Природно богатство
    • Културно наследство
    • Селски туризам
    • Интервју
    • Успешни приказни
    • Останато
  • КОНТАКТ

Developed &Hosted by IGAL Group.