- Пилана како рурален бизнис
Пиланата е идеален начин за канализирање на предностите од руралното деловно опкружување. За овој бизнис единствено е важна карактеристиката да се организира само во област каде што има доволно количество дрвја или шумска површина.
Постојат посебни предности за започнување на ваков вид на деловна активност, а тоа е близината на суровините, што овозможува заштеда на залихите на материјалот и на транспортот. Шумата е природен ресурс, особено во Македонија, што може да стане основа за многу успешен бизнис.
Вработување на локалното население
Друга предност на идејата за отворање пилана во селото е организација на производство со учество на локалното население. Како што е веќе познато, понудата на стандардни работни места во селата е исклучително мала и честопати е во спротивност со бројот на жители кои живеат во руралните населби, односно локалното население кое е конкурентно за пазарот на трудот.
Дистрибуција и пазар
Градежните материјали направени од дрво се неопходни на пазарот, затоа продажбата на овој вид на стока нема да создаде потешкотии. Соработката со квалитетни производители на мебел е најдобриот начин за продажба на производите од пиланата, како и можноста за работа по нарачка. Мора да се разбере дека колку е поголем квалитетот на материјалите што ги изработувате, толку е поголем вкупниот приход на пиланата во селото.
- Рурален еко-туризам
Екотуризмот не е целосно нова идеја во светскиот бизнис. Неспорно е дека Македонија е богата со прекрасни природни предели и невидени убавини на релјефот, како и растителниот и животинските видови. Користењето на природните потенцијали кои се околу нас, а ги занемаруваме, е одлична деловна идеја.
Интернет платформа
Најдобар начин да се организира еко-туризам е да се создаде интернет платформа со која ќе привлечете поголеми групи туристи и локални жители кои уживаат во природата, а кои се организирани во голем број здруженија. Целна група во овој бизнис нека бидат жителите на големите градови кои сакаат да се одморат од брзото градско темпо и да ги обиколат убавините на својата земја или пак, едноставно да се релаксираат од напорните работни денови и загадениот градски воздух.
Предности на еко-туризмот
Голем плус на еко-туризмот е минималната инвестиција, бидејќи основната инфраструктура за овој бизнис веќе ја имате. Организацијата за посета на локации можете сами да ја направите, а исто така да можете да ја преземетеи улогата на водич. Многу е важно да можете да изберете успешна рута што ќе ги импресионира посетителите и ќе ги натера постојано да се враќаат на вашите услуги.
- Производство на компост и брикети од паднати лисја
Малку е веројатно дека некој може да замисли дека заработката може да лежи под нозете, буквално. Сепак, поедини претприемачи веќе подолго време сфатиле како да заработат од паднатите лисја по кои одиме секој ден, гледајќи ги како нешто кое нема вредност.
Идејата воопшто не е премногу нова и иновативна, но малку луѓе всушност се свесни за потенцијалот на паднатите лисја и многу малку луѓе ја користат како суровина од која може да се заработи. Многу е поразително што толку малку бизниси се градат врз еколошки суровини, бидејќи користењето на паднатите лисја како основа за водење на бизнис е многу едноставна – минимална трошок на капитал и на време.
Компост или еколошко гориво (брикет) може да се направи од паднати лисја. Предноста на ова производство е што самиот процес е прилично едноставен, а суровините може да се набават многу евтино. Сепак, дури и малото производство на брикети бара голема количина лисја за да самото производство има ефект.
Како да се реши проблемот со суровините?
Направете договор со комуналните организации кои ги одржуваат парковите, како и организации кои се занимаваат со шумарство и комунални услуги, односно оние кои ги собираат лисјата од улиците. Веруваме дека таквите организации со задоволство ќе ги проследат собраните лисја до вас. Организирајте место за собирање лисја каде што жителите ќе можат да ги складираат суровини за некаков надомест.
Опрема за обработка на лисја
За брзо добивање компост од паднати лисја, можете сами да ја направите опремата за производство. За ова се погодни метални цевки, греди или пластични цевки.
На YouTube можете да се најдат многу видеа за тоа како да направите ваков вид опрема, која скоро може да се нарече „уред“ или „машина“.
Кои се вашите клиенти?
Готов хумус може да се продава на градинари, вклучително и сопственици на расадници и комунални компании за садење и одржување на зеленилото во градовите. Во село каде скоро секој има своја градина или цветна градина, сигурно има многу од оние кои сакаат да купат хумус.
Брикети
Одлична опција за проширување на вашата понуда е производство на брикети (пелети). Брикетот е компресиран исушен лист во форма на цилиндар или таблета. За да ги поврзе и подобри запаливите својства, во брикетот се додава восок. Таквото гориво се користи за скари и камини.
За да отворите мини производство на брикети од лисја, ќе ви треба преса за брикети (хидраулична или ударна, механичка) како и комплекс за сушење на готовиот производ. Исто така брикетите можете да ги исушите и на свеж воздух. Технологијата на изработка можете да ја совладаѕе сами. Интернетот е непресушен извор на информации од оваа област.
Потрошувачи на брикети се сопственици на приградски куќи, приватни куќи, за чија употреба се користат камини или котли. Покрај тоа, биогоривата се многу барани кај различни земјоделски компании, живинарски фарми и слично.
aberdojde.mk