Проектот: „Природата предупредува – активности на заедницата за заштита на биодиверзитетот“ што го спроведува здружението – Меѓународен центар за уметност и одржлив развој АРТ ПОИНТ – ГУМНО, со поддршка од фондот за клима при Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, а во соработка и координација со општина Демир Хисар и ЈКП Комуналец, Демир Хисар, официјално заврши на 22-ри април. На Денот на планетата Земја, во Домот на културата „ИЛИНДЕН“ во Демир Хисар, над 220 дечиња ја следеа премиерната изведба на претставата: ,,ПРИРОДА или ОТПАД”.
Според текстот од едукативната боенка издадена во рамките на проектот, сценариото го подготви младата македонска актерка со интернационална репутација – Наташа Петровиќ, којашто воедно ја играше улогата на птицата Сојка. Освен неа, во претставата учествуваа и Ненад Митевски (детето Стефан) и Бојан Кирковски (чичко Црвчо). Дизајнот и костимографијата се на Воскресија Андреевска од „Арт Поинт – Гумно“. Костимите се направени од рециклирани материјали! Имплементаторите, но и донаторите се повеќе од задоволни од постигнатите резултати во текот на имплементацијата на овој проект: успешно е сензибилизирана целата заедница за прашањата за заштита на животната средина и проблемот со отпадот; воспоставен е функционален систем за селектирање, собирање и рециклирање на ПЕТ амбалажа; обезбедени се контејнери за селекција на отпад од стакло; на повеќе од 10 локации успешно се применува компостирање на органски отпад; најмладите ги знаат бенефитите од производството во сопствени градини и употребата на компост и автохтони семиња…; зајакната е соработката и вмрежувањето со други НВО организации –Институт за комуникациски студии, Слоу Фуд Водно, Еко Свест, Небо и др.
- Реализирана е првата голема акција за чистење на реките во Демир Хисар Во очекување на поддршка за втората фаза од проектот „Природата предупредува“, здружението – Меѓународен центар за уметност и одржлив развој АРТ ПОИНТ – ГУМНО продолжува со иницијативи за заштита на животната средина и јакнење на свеста на локалното население. На 29-ти јуни, во соработка со Институтот за комуникациски студии, како дел од кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“, беше организирано чистење на реките во с. Слоештица. Акцијата ја поддржаа и општината и јавното комунално претпријатие од Демир Хисар како и голем број на волонтери од селото, поединци и претставници на НВО секторот од Демир Хисар, Скопје и од други места, меѓу кои и претставници на граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ од Битола („Чистиме со класнето“). За неполни 3 часа, од коритото на Бела Река беа собрани повеќе од 3 тони отпад.
- Поставени се инфо-таблите од проектот „Вечната куќа на Петре М. Андреевски“ Проектот е поддржан од Општина Демир Хисар, годинава здружението – Меѓународен центар за уметност и одржлив развој АРТ ПОИНТ – ГУМНО ќе продолжи со инфраструктурно уредување на просторот околу гробот на Петре М. Андреевски.
Е – Билтен бр.18 на МРР на РМ
aberdojde.mk