• Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
вторник, мај 13, 2025
No Result
View All Result
Абер дојде
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
No Result
View All Result
Абер дојде
No Result
View All Result
Дома Приказни од селото

Пејсажно-амбиенталната карактеристика е главниот адут на ова охридско село – Велестово

март 21, 2021
Пејсажно-амбиенталната карактеристика е главниот адут на ова охридско село –  Велестово

Селoто Велестово лежи на планината Галичица (Петрино), на надморска височина од 1250 m. Оваа преубава планинска населба има изразито добра микро-клима, а надополнета со амбиенталната совршеност, претставува вистински практичен викенд избор за бегство од современиот урбан живот. Токму пејсажно-амбиенталната карактеристика е главниот адут на ова охридско село. Погледот на Охридското Езеро и градот Охрид, буди чувство на беспрекорност и неповторливост.

Во селото се стигнува доста лесно: со автомобил, но може и пеш. Од градот Охрид е одалечено „само“ 4,5 километри, а до него води локален асфалтиран пат. Во селото не живеат многу луѓе. Според последниот попис од 2002 година, во Велестово постојано живеат 53 жители, главно пензионери. Нивниот број денес е нешто помал, но наспроти тоа, се зголемува бројот на нови куќи, а старите често се рестраврираат. Така, полека но сигурно, селото се претвора во викенд населба, укажувајќи на фасцинантните туристички потенцијали. Велестово не е само пејсажно чудо, склоп на совршениот допир на природата и општеството. Истото има богата историја, а најдобар сведок за истата е важното парче култура, пресликано во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ која потекнува од 15-тиот век. Во селото има уште една црква, доста понова, црквата „Св. Троица“, осветена во 1989 година. Од богатиот културен пејсаж, Велестово може да се пофали и со посебни манифестации. Тука е традиционалната „Поетска ноќ во Велестово“ која се одржува веќе 28 лета по ред. Од рурално-туристичката програма, тука е и фамозната „Ѓомлезијата“, на која во вид на натпревар, се одбира најдобрата домаќинка, која го направила највкусното охридско „Ѓомлезе“.

Велестово е убаво да се посети и лете и зиме, но и во пролет и во есен. Секое годишно време му дава посебна убавина на селскиот амбиент и пејсаж. Сместување има во самото село, во три посебно уредени вили (достапни за преглед и резервација и на booking.com), но и повеќе солидно уредени викендици се ставени на располагање на добродојдените туристи. Селото ги очекува таквите, а понатаму, од самиот љубопитен турист или истражувач зависи во каква нијанса сака да ја види охридската панорама. Но, туризмот не застанува во Велестово. Истото само ги отвора вратите на лесно допирливите соседни туристички локации, од едната или од другата страна на преубавата Галичица и секогаш восхитувачкиот Охрид.

Подготвила: Елена Личина, Институт за географија, насока туризам

igeografija.mk

ShareTweetPin

Слични Posts

Акција „Овошно дрвце за пластични шишиња“ во општина Босилово
Приказни од селото

Акција „Овошно дрвце за пластични шишиња“ во општина Босилово

април 6, 2023
Ирена неуморно создава нови вкусови од локалното овошје и билки кои ги нуди регионот на Беровo
Приказни од селото

Ирена неуморно создава нови вкусови од локалното овошје и билки кои ги нуди регионот на Беровo

декември 14, 2022
Даниела Крстевска изработува сапуни со користење на природни состојки – бренд МОЈОТ САПУН
Приказни од селото

Даниела Крстевска изработува сапуни со користење на природни состојки – бренд МОЈОТ САПУН

ноември 30, 2022
Предновогодишни собиранки на планината Кожуф – нов животен стил
Приказни од селото

Предновогодишни собиранки на планината Кожуф – нов животен стил

декември 27, 2021
Царска есенската идила и живописна природа – село Ореше
Приказни од селото

Царска есенската идила и живописна природа – село Ореше

декември 22, 2021
„Селото на најучени луѓе“ – Владимирово
Приказни од селото

„Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

октомври 21, 2021

Прочитајте

Патуваме низ Македонија: Македонското ЕЛ ДОРАДО – Плакенска планина и врвот Сталев камен

Патуваме низ Македонија: Македонското ЕЛ ДОРАДО – Плакенска планина и врвот Сталев камен

март 8, 2021
Втор Балкански рурален парламент

Втор Балкански рурален парламент

октомври 8, 2021
Пролетна акција под мотото „Мисли глобално, делувај локално“ во Делчево

Пролетна акција под мотото „Мисли глобално, делувај локално“ во Делчево

март 22, 2021

Популарно

  • Коњско опавче – билка која е вистински дар од природата, помага во лекување на бубрези, цисти, зглобови и бели дробови

    Коњско опавче – билка која е вистински дар од природата, помага во лекување на бубрези, цисти, зглобови и бели дробови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бозелот помага во лекување на ракот, но ја лечи и кашлицата: еве како се приготвува чајот, сокот и лековитиот мед

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Радожда – село што се допира до државната гранична линија и брегот на Охридското Езеро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато

Developed &Hosted by IGAL Group.

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • КАТЕГОРИИ
    • Приказни од селото
    • Природно богатство
    • Културно наследство
    • Селски туризам
    • Интервју
    • Успешни приказни
    • Останато
  • КОНТАКТ

Developed &Hosted by IGAL Group.