• Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
недела, април 2, 2023
No Result
View All Result
Абер дојде
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
No Result
View All Result
Абер дојде
No Result
View All Result
Дома Приказни од селото

Не сме од оние млади кои го напуштиле селото: Решивме да развиваме рурален туризам

март 4, 2021
Не сме од оние млади кои го напуштиле селото: Решивме да развиваме рурален туризам

Еко тимот на Кајак.мк ве запознава со уште една мотивирачка приказна за проектот наречен „Домаќинска куќа- Пирустија“ на „Пирустија Недановски“. Ова семејна камена куќа се наоѓа во селото Рамне, Охрид.

Сместена баш на средсело, до најголемата чешма од планиските извори, со поглед кон Охридско Езеро. Како што велат тие, за среќа не се од оние млади луѓе кои ја напуштиле селската куќа, напротив, со вложување во нејзина реставрација, поправка и доградба, си создале катче во кое уживаат.

Она што е интересно за нив е дека во нивниот двор никогаш не уживаат сами. Тука се роднините и пријателите, колегите и познаниците. Секој викенд исполнет со многу луѓе, дружба и секако квалитетна храна.

Во подготвените јадења, најчесто се застапени оние месените, како што се: комат, кошмишпите, питулици, ѓомлезе, па и леб. Сите тие подготвени на традиционален начин, под сач (вршник).

По препорака на нивни блиски луѓе, се вклучуваат во обуки за рурален туризам. Некако природно се родила идеја дека овој концепт може да го нудат на луѓе кои би сакале да уживаат во приказната која нуди зачувување на традицијата. Селото не е далеку, на само 3,5 км. од градот, на 960 метри надморска височина, па затоа е погодно за пешаци, велосипедисти или брзо стигнување со автомобил.


Домаќинската куќа нуди комплетен оброк, од предјадење, до десерт, започнувајќи со слатко за добредојде и планинска изворска вода. С`е што ќе ве пречека на трпезата е од сопствено домашно производство и домашно подготвено-ракија, ликер од ореви или вишни, тиквички со лук и магдонос, пиперки пржени или печени, охридски домат, печурки во путер, домашно подготвено сирење (или позајмено од локални произведувачи- мини фармери кои си ја знаат работата), домашно вино- црвено и бело, комат со праз или блитва/ спанаќ набрани од сопствената бавчичка, збогатен со домашна изварка (урда) и домашни селски јајца, со сето ова се служи кисело млеко (овчо, козјо или кравјо), па на крај следува десерт направен од домашни продукти (ореви, јаболка, капини, малинки, јајца, млнеко…).

Во програмата не би смееле да ги заборавиме освежителните пијалоци за најмалите, дечињата, кои уживаат во компоти од праски, сливи, вишни или праски, сокче од дренки или планински чај.

Кога сме веќе кај најмалите, убаво е да се спомне дека во Рамне имаме двор со мини фарма кадешто дечињата слободно можат да погалат куче, пиле, кокошка, прасе, зајче, патка, потполошка… да брцнат раче во кокошарникот и да си земат јајце, да откорнат морковче и да нахранат зајак, да си играат со тестото и да сучат, а потоа со трпение да им го испечат нивното дело кое со сласт ќе го јадат.

Секако дека овој концепт не би бил толку успешна приказна в град зашто на неколку чекори од куќата ѕирка обработеното парче родна земја во која со радост ги поздравуваат плодовите на нивните посетители. Всушност, заедно со нивна вклученост се одвива бербата и месењето, с`е до крајниот продукт принесен на трпезата.

Тоа можеби е и најспецифичниот дел по кој би се издвојувале, кадешто гостинот има потполна слобода да се вклучи во секоја фаза од процесот на искуството. Ова е семејна приказна во која секој си има своја улога.

Гостите имаат чувство дека се на гости кај свои пријатели (барем така им кажуваат), тие не сме изоставен дел, напротив, тие го доживуваат нивното секојдневие.

Ова приказна можете да ја најдете на фејсбук под „Пирустија Неданоски“, со лого на пирустија, која е триножно железно столче на кое лежи сачот(вршникот), па оттука и нивноти официјално име, бидејќи с`е подготвува на пирустија под сач.

Тие се дел од платформата #genuinexperiences

ShareTweetPin

Слични Posts

Ирена неуморно создава нови вкусови од локалното овошје и билки кои ги нуди регионот на Беровo
Приказни од селото

Ирена неуморно создава нови вкусови од локалното овошје и билки кои ги нуди регионот на Беровo

декември 14, 2022
Даниела Крстевска изработува сапуни со користење на природни состојки – бренд МОЈОТ САПУН
Приказни од селото

Даниела Крстевска изработува сапуни со користење на природни состојки – бренд МОЈОТ САПУН

ноември 30, 2022
Предновогодишни собиранки на планината Кожуф – нов животен стил
Приказни од селото

Предновогодишни собиранки на планината Кожуф – нов животен стил

декември 27, 2021
Царска есенската идила и живописна природа – село Ореше
Приказни од селото

Царска есенската идила и живописна природа – село Ореше

декември 22, 2021
„Селото на најучени луѓе“ – Владимирово
Приказни од селото

„Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

октомври 21, 2021
Со одгледувате органски зеленчук во вашата градина до среќа
Приказни од селото

Со одгледувате органски зеленчук во вашата градина до среќа

јуни 22, 2021

Прочитајте

Постои од 1626 година, а во него најстарата трикорабна христијанска базилика во Македонија – село Туденце

Постои од 1626 година, а во него најстарата трикорабна христијанска базилика во Македонија – село Туденце

април 19, 2021
Воспоставена едукативна патека долж коритото на реката Брегалница

Воспоставена едукативна патека долж коритото на реката Брегалница

април 3, 2021
Требенишко Езеро – едно од двете свлечишни езера во Македонија

Требенишко Езеро – едно од двете свлечишни езера во Македонија

март 15, 2021

Популарно

  • „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Радожда – село што се допира до државната гранична линија и брегот на Охридското Езеро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барон, македонскиот ладнокрвен коњ – љубимец во ергелата на Миле Трајковски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од корењата на столетните стебла на чинарите (јавори) истекуваат 40 литри вода во секунда – Мокрински извори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато

Developed &Hosted by IGAL Group.

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • КАТЕГОРИИ
    • Приказни од селото
    • Природно богатство
    • Културно наследство
    • Селски туризам
    • Интервју
    • Успешни приказни
    • Останато
  • КОНТАКТ

Developed &Hosted by IGAL Group.