• Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
четврток, јуни 30, 2022
No Result
View All Result
Абер дојде
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато
No Result
View All Result
Абер дојде
No Result
View All Result
Дома Приказни од селото

Во селото со пет музеи

март 30, 2021
Во селото со пет музеи

Скопје има осум музеи, Охрид четири, Битола два, а повеќето помали градови по еден. Но едно мало село од 200-300 жители, затскриено меѓу планините во централниот дел на Македонија, има дури пет. Горно Врановци е познатото село-музеј, со многу повеќе историја отколку што може да се очекува од еден таков изолиран крај. Но токму тоа била неговата предност во историјата што го направила славно.

Во еден момент од историјата, во Втората светска војна, ова мало селце на некој начин било главниот град на Македонија. Партизаните се бореле против неспоредливо помоќните окупаторски сили. Но имале добра стратегија, создале голема слободна територија во непристапните планински краишта во централниот и во западниот дел на Македонија. Таа територија, како и целата борба, се раководела од Горно Врановци. Тука бил Президиумот на АСНОМ, значи државното собрание, Централниот комитет на Комунистичката партија на Македонија, која била еден вид влада, Главниот штаб на НОБ, како денешен генералштаб, и ОЗНА, разузнавачката служба.

По конечното ослободување, сите тие институции се префрлиле во Скопје и таму функционирале. Но куќите во Горно Врановци, каде што биле сместени, денес се нивни спомен-музеи. Заштитени и одржани, го чуваат споменот на таа борба.

Музеите се мали, сите имаат по една-две соби, главно полни со стари документи или копии, големи фотографии од славното борбено минато и понекое парче оружје што го користеле партизаните. На нив точно може да се види колку било тешко, на пример по фотографијата од тројца партизани, сите облечени во различни униформи, кој каква успеал да најде. Но имало и интересни моменти, како тој кога готвачот со црпалката в рака застанал да се слика до борците со пушки.

Петтиот музеј е поинаков. Тоа е печатницата во која бил испечатен првиот број на дневниот весник „Нова Македонија“. Внатре е печатарската машина тешка еден тон, која партизаните кришум ја носеле в раце од Скопје до таму, преку планини и долини.

Во соседната соба може да се види и како се сложувале страниците за печатење, буква по буква. Тоа што денес се прави за неколку минути на компјутер тогаш било макотрпна работа. „Нова Македонија“ веќе не е ниту партизански ниту државен весник, но се` уште излегува, како најстар во Македонија и еден од најстарите на Балканот, со 69 години. Членовите на нејзината редакција секој октомври го посетуваат музејот, по повод годишнината од првиот број на 29 октомври 1944 година.

Шестиот музеј е спектакуларен. Но нели беа само пет? Да, но шестиот не е спомен-куќа важна поради историските настани од Втората светска војна, туку е милиони години постар. Тоа е природата околу Горно Врановци. Малата Врановска река во ова осојничаво место создава толку влага што камењата и корите од дрвјата се прекриени со мов.

Волшебна зелена земја како од „Господарот на прстените“. Водата се пробива низ камења, карпи, паднати стебла, а со секој чекор љубопитноста расте за тоа што има зад следниот мал водопад. Во природата, со малку среќа, ќе се сретнете и со некои од нејзините жители. Малите гуштери веројатно ќе бидат порасположени да позираат пред вашиот фотоапарат, но верверичките ќе ги снема за неколку секунди.

Низ Горно Врановци не прошетаа две момчиња што веќе се иселиле од таму во Горно Јаболчиште. Велат, има се помалку жители во ова село. Иако е оддалечено по триесетина километри од Скопје, Прилеп и од Велес, до него може да се стигне само преку Велес по тесен планински пат. И покрај тоа што е единствено со толку многу атракции, тешко се наметнува како туристичка дестинација. Дури ни за викенди.

Особено во последнава деценија, откога не работи хотелот „Врановци“. Изграден во 1986 година, дваесетина години ги пречекувал велешките работници од јавните претпријатија и многу други гости. Веќе не е отворен поради судските спорови околу сопственоста. Како секој друг хотел што одамна го испратил својот последен гостин, и овој сега изгледа како сцена од филмот „Сјаење“ на Стенли Кјубрик.

Стар, затворен, напуштен, тивок. Толку тивок што речиси може да се слушнат звуците од минатото, од гостите на големата тераса со поглед на реката или од оние во собите со прозорци завтрени кон планинските врвови. Но се слуша само ветрот, шумот на реката и минатото. Затоа што сегашност таму нема.

Гоце Трпковски

ShareTweetPin

Слични Posts

Предновогодишни собиранки на планината Кожуф – нов животен стил
Приказни од селото

Предновогодишни собиранки на планината Кожуф – нов животен стил

декември 27, 2021
Царска есенската идила и живописна природа – село Ореше
Приказни од селото

Царска есенската идила и живописна природа – село Ореше

декември 22, 2021
„Селото на најучени луѓе“ – Владимирово
Приказни од селото

„Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

октомври 21, 2021
Со одгледувате органски зеленчук во вашата градина до среќа
Приказни од селото

Со одгледувате органски зеленчук во вашата градина до среќа

јуни 22, 2021
Зетот е качен на коњ, а другите сватови одат пешки – свадбени обичаи од Дебарца
Приказни од селото

Зетот е качен на коњ, а другите сватови одат пешки – свадбени обичаи од Дебарца

јуни 7, 2021
Скриена под три јавори на сред село во Колешино – чешма Даревица
Приказни од селото

Скриена под три јавори на сред село во Колешино – чешма Даревица

јуни 1, 2021

Прочитајте

Пештерата Су Кујусу или во превод „Дупка со вода“

Пештерата Су Кујусу или во превод „Дупка со вода“

мај 17, 2021
Mанастирскиот комплекс Чебрен

Mанастирскиот комплекс Чебрен

март 29, 2021
Руралниот развој преку развој на Спортскиот аеродром

Руралниот развој преку развој на Спортскиот аеродром

март 15, 2021

Популарно

  • „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    „Рај“ ткаен од четири генерации – дворчето на Трајчо Митров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Селото на најучени луѓе“ – Владимирово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барон, македонскиот ладнокрвен коњ – љубимец во ергелата на Миле Трајковски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Радожда – село што се допира до државната гранична линија и брегот на Охридското Езеро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од корењата на столетните стебла на чинарите (јавори) истекуваат 40 литри вода во секунда – Мокрински извори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказни од селото
  • Природно богатство
  • Културно наследство
  • Селски туризам
  • Успешни приказни
  • Интервју
  • Останато

Developed &Hosted by IGAL Group.

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • КАТЕГОРИИ
    • Приказни од селото
    • Природно богатство
    • Културно наследство
    • Селски туризам
    • Интервју
    • Успешни приказни
    • Останато
  • КОНТАКТ

Developed &Hosted by IGAL Group.